15-годишник претепан од маж во Карбинци
Малолентик бил претепан од 73-годишен маж во Штипско, информира полицијата. СВР Штип поднесе кривична пријава М.С.(73) од с.Радање, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено на кривично дело „насилство врз дете“. На 21.08.2025, пријавениот физички нападнал 15-годишно дете и му нанел телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.
Continue Reading
Пензионер нападнат од сопругата во Аеродром
Седумдесет и тригодишен скопјанец пријавил дека бил физички нападнат од сопругата во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром. Според пријавата, по претходна расправија жената употребила тврди предмети и му се заканувала со остар предмет. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Continue Reading
Затвореник во Штип фатен со марихуана, хашиш и хероин
Полицијата поднесе кривична пријава против 43-годишниот А.Д. од Свети Николе, осомничен за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Според истрагата, во текот на октомври 2024 година пријавениот внесувал дрога во полуотвореното одделение на Казнено-поправната установа Штип, каде што ја издржувал својата затворска казна. Подоцна при претрес во просторијата во која престојувал биле пронајдени …
Continue Reading
66-годишен охриѓанец пронајден починат во неговиот дом
Вчера во 14:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во сопствениот дом е пронајден починат Љ.П. (66) од Охрид. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти полицијата.
Continue Reading
Краделе бронзена биста од гробот на Стале Попов: осомничени четири лица за кражба и сквернавење на гробиштата во Бутел
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица кои се осомничени дека во соизвршителство сториле кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка , како и – Сквернавење гроб согласно член 400 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на 17 септември, влегле на градските гробишта во Бутел, дошле до алејата на заслужни граѓани …
Continue Reading
Уапсени четири лица, украле биста од Градските гробишта во Бутел
Четири лица од Скопје се уапсени, биле фатени веднаш откако украле бронзена биста од гробиштата во Бутел. Според информациите на МВР, вчера во 18:30 часот на Градските гробишта Бутел, полициски службеници ги уапсиле О.Ш.(49), М.Ш.(22), Љ.Ф.А.(26) и З.Р.(26), сите од Скопје. Во возилото „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Р., а останатите се сопатници е пронајдена и одземена …
Continue Reading
Жена од кочанско измамена за 4.000 евра со лажни ветувања за пензија
61-годишна жена од кочанско пријавила дека била измамена од 59-годишниот П.Г. од истиот регион за сума од 4.000 евра. Според пријавата, во октомври 2020 година тој ѝ ветил дека со пријатели од Скопје ќе ѝ овозможи да добие пензија. Жената во декември 2023 година му ги предала парите, по што до крајот на 2024 година имале повремени контакти, но потоа …
Continue Reading
Скопјанка го пријавила својот брат поради психичко вознемирување, веќе му било забрането да и’ се приближува
Во СВР Скопје на 17 септември околу 20 часот, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот брат Д.М. (46) подолг период ја вознемирувал психички и ѝ упатувал закани. Според пријавата, против него веќе била изречена мерка за забрана за доближување. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Continue Reading
Инцидент кај Петровец – нападнато возило на пожарникари, напаѓачот им се заканувал
Во полицијата било пријавено дека вчера кај наплатната рампа Петровец, лице упатувало закани кон пожарникари кои се движеле со службено возило, а потоа со физичка сила го оштетило возилото. Пријавата ја поднел 28-годишниот С.Г. од Скопје, кој заедно со колегите пожарникари бил во возилото во моментот на инцидентот. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Continue Reading