Уште една измама со лажна сообраќајка, 77-годишна скопјанка измамена за 180.000 денари

Вчера во 17:45 часот во полиција, 77-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 180.000 денари. Според пријавеното, телефонски и се јавило едно лице, кое се претставило како полициски службеник и и рекло дека наводно нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете кое починало и доколку не сака таа кривично да одговара, …

Continue Reading

Приведен маж од Македонска Каменица поради семејно насилство

Полицијата синоќа го привела 51-годишниот Г.А. од Македонска Каменица. Приводувањето следело по претходна пријава дека истиот ден, околу 18:30 часот, во семејниот дом физички ја нападнал неговата 49-годишна сопруга, соопшти МВР. Информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Жена ограбена во својот стан во Центар што не бил заклучен

Вчера на подрачјето на Центар, непозната жена влегла во стан кој не бил заклучен и одзело два паричници – едниот со пари, а другиот со пари и лични документи. Случајот во 16:20 часот го пријавила сопственичката на станот, 34-годишната А.П. од Скопје. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Continue Reading

Возило излета од автопат, тешко повредена 29-годишна велешанка

Вчера на автопатот „Гоце Делчев“, во атарот на селото Сушица, општина Петровец, се случила сообраќајна несреќа. Патничко возило „Рено Клио“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишната Л.Ш. од Велес, излетало надвор од коловозот. Според информациите од МВР, Л.Ш. се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од МВР информираат дека извршен е увид.

Continue Reading

Пешак тешко повреден од автомобил на кружен тек во Скопје

Попладнето на 30 септември, нешто по 17 часот, на кружниот тек на улицата Христо Татарчев во Скопје се случила несреќа. Автомобил со скопски регистарски ознаки, управуван од 52-годишен жител на селото Долно Количани, удрил во пешак кој се движел по делницата, соопшшти МВР. Ударот бил силен,  54-годишниот човек од Агино Село паднал се здобил со тешки повреди во Градската општа …

Continue Reading

Дрво се откачи од трактор и удри работник по ногата

На беровското место викано Долни Шабан, навидум секојдневна работна задача завршила со несреќа. На 19 јуни годинава, двајца мажи – еден од Берово и друг од селото Владимирово – се договориле заедно да истоварат дрва со трактор. Додека пријавениот Ј.М. (38) го стартувал тракторот, едно од дрвата се откачило и со силен удар го погодило неговиот соработник Д.К. по ногата. …

Continue Reading

Уапсени мажи од Битола и кривопаланечко: возеле под дејство на алкохол

Денеска во 00:16 часот на улицата „Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода П.Т.(40) од Битола. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „пежо” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал П.Т., и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,58 промили алкохол во крвта. …

Continue Reading

Претрес во Радовиш, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице

Вчера во 17:45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода 34-годишниот Н.Б. од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е марихуана. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Три лица прегазени во Скопје, едно во Струмица

Вчера во 10:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„60“ во с.Волково, скопско, патничко возило „фолксваген фокс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(73) од Скопје, удрило во пешакот Ц.С.(55) од с.Волково. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Истиот ден …

Continue Reading