Косовец со автомобил удрил во полицаец кој вршел обезбедување на место на сообраќајка во Мала Речица
Косовец со автомобил удрил во полицаец кој вршел обезбедување на место на сообраќајка во Мала Речица. Според информациите на МВР, вчера во 20:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат село Пирок-Тетово, во село Мала Речица, патничко возило „бмв“ со косовски национални ознаки, управувано од А.С.(22) од Косово, удрило во полицискиот службеник С.А.(26) од село Шипковица, тетовско, кој …
Continue Reading
Наставник физички нападна ученик во основно училиште во Кисела Вода
Наставник физички нападнал ученик во основно училиште во Кисела Вода. Според информациите на МВР, вчера во 13:10 часот во СВР Скопје, А.К.(39) од Скопје пријавил дека на 30.09.2025 во 16:10 часот во основно училиште на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Г.Ј., наставник во училиштето. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading
(Видео) Пронајдени и санкционирани лицата што дивееја со возило по „Партизанска“
Во врска со објавената снимка на социјалните мрежи на 30.09.2025 година на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје на која гледа како се движи патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки при што на кровот од возилото се превезува лице кое ја загрозува сопствената безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, од страна на полициски службеници од СВР Скопје пронајдено …
Continue Reading
30-дневен притвор за државјанин на Полска, пронајдена е дрога кај него
Вчера во 11:00 часот на улицата „Народен фронт“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 36-годишниот П.Т.С. од Полска, затоа што кај него пронајдоа и одзедоа дрога. Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по чл.215 од КЗ, а судија на …
Continue Reading
Еден скопјанец и двајца Срби уапсени за „даночно затајување“ и „недозволена трговија“
Денеска во 01:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода М.З.(49) од Скопје и М.М.(27) и Д.П.(24), двајцата од Република Србија. Претходно, на клучка Радишани, полициски службеници ги затекнале лицата како од возило комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки во товарно возило „ман“ со приколка со српски национални ознаки префрлаат кутии со …
Continue Reading
МВР: Над 100 лица уапсени во месец септември поради поседување на наркотични средства, запленета поголема количина дрога
Во рамки на тековните оперативни активности од областа на сузбивање на недозволената трговија со дрога, полициски службеници од различни полициски организациони единици во текот на месец септември, во повеќе различни случаи лишиле од слобода над 100 лица, меѓу кои и неколку малолетници, кај коишто при извршени лични прегледи и прегледи на возила, биле откриени и запленети поголема количина на марихуана, …
Continue Reading
52-годишна скопјанка нападната од поранешниот сопруг кој имал забрана за приближување
Синоќа во 22:00 часот во СВР Скопје, 52-годишна жена од скопско пријавила дека околу 18:20 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.П.(58). За него Основниот кривичен суд Скопје имал донесено пресуда и издадено решение за забрана за приближување. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Ја тепал и ја заклучувал вонбрачната сопруга во домот: уапсен тетовец
Вчера во 13:16 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Џ.Р.(41) од тетовско. Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 38-годишна вонбрачна сопруга, дека на 25.09.2025 во семејниот дом физички ја нападнал и ја заклучувал во домот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава, соопшти МВР.
Continue Reading
Претрес во Кичево, пронајдени оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера во 13:50 часот во Кичево, полициски службеници го уапсија В.С.(45) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се ловечка пушка „IJ-18“ и 40 ловечки патрони. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading