Поранешен дечко со оружје дошол пред домот на девојка во Гевгелија, полицијата го спречила

Полицијата во Гевгелија денеска спречи обид за убиство на девојка од нејзиниот поранешен партнер. Според информациите на Министерството за внатрешни работи, 25-годишната М.П. од Гевгелија пријавила дека на нејзината влезна врата тропале нејзиниот поранешен партнер Ј.Г., кој користел отсуство од затвор, заедно со Л.Г. Од пријавата произлегува дека двајцата се заканувале, а младата девојка слушнала и репетирање на огнено оружје. …

Continue Reading

Со тврд предмет ги нападнал сопругата и малолетната ќерка: уапсен скопјанец

Синоќа во 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 39-годишник од Скопје. Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека во семејниот дом, физички ги нападнал неа и нивната малолетна ќерка, при што употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Continue Reading

Ги претепал двете сестри: кривична за 19-годишник од Тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 19-годишник од тетовско село. Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“. Имено на 09.08.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал двете негови сестри, од кои едната е малолетничка.

Continue Reading

Прегазено седумгодишно дете во Скопје

Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Максуд Садик“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната А.А. од Скопје, удрило во седумгодишно дете-пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од …

Continue Reading

Тинејџер доби кривична пријава за вонбрачен живот со дете

Полицијата поднесе кривична пријава против М.С.(19) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело. Според информациите на МВР, на 02.09.2025, по претходен договор со малолетничката, тој со возило ја земал од едно струшко село и ја однел во неговиот дом во Кавадарци. Откако настанот бил пријавен од родител на малолетничката, преземени се мерки во соработка со Центарот …

Continue Reading

Возач загина кај гостиварско Чегране

Возач починал на самото место откако излетал со својот фолскваген голф на патот меѓу гостиварско Чегране и Корито, информира Министерството за внатрешни работи. Се работи за 26-годишниот Л.М. од гостиварското село Форино. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увидната екипа на ОВР Гостивар извршила детална истрага на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител. Телото на починатиот, по …

Continue Reading

Во тешка сообраќајка попладнево загина маж, а тешко повредено е 18-годишно момче

Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал  маж, а 18-годишно момче е тешко  повредено. Увид  направила  екипа на СВР Штип, потврдија од МВР.  На местото на настанот била повикана и екипа на Противпожарната единица од Велес. Како што информираат од  Итната помош на ЈЗУ Здравствен дом Велес, тие за …

Continue Reading

Лишени од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино

На 10.10.2025 во 13:20 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода С.Н.(50) и неговата невенчана сопруга 35-годишната Н.А., двајцата од Неготино. Според пријавеното, С.Н. на лице од Неготино пред неколку месеци му дал 2.000 денари, но бидејќи лицето не успеало на време да ги врати парите со несразмерната камата му дало накит за да го одложи времето …

Continue Reading

Фатен малолетен крадец во Дебар, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот

Вчера во 12:10 часот на плоштад „Скендербег“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар од слобода лишија 16 – годишник од село во општина Центар Жупа. Тој се сомничи дека претходно извршил „кражба“ во продажен објект во Дебар, при што одзел пари. Во присуство на неговата мајка, извршен е службен разговор со малолетникот, а парите се пронајдени и вратени на …

Continue Reading