Уапсен гостиварец кој управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајка

Вчера во 17:40 часот на ул.„Живко Брајковски” во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишија од слобода С.Т.(69) од Гостивар. Според информациите на МВР, претходно, тој учествувал во сообраќајна незгода со неговото патничко моторно возило „нисан” со гостиварски регистарски таблички и при преземање мерки во врска со незгодата констатирано е дека е под …

Continue Reading

Во септември за 93 лица кривични пријави за недозволена трговија со дрога, запленети над 38 кг марихуана

Во рамки на активностите на полициските и оперативни служби при МВР, во делот на сузбивање на недозволената трговија со дрога, во текот на месец септември вкупно се регистрирани 78 кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога, и притоа согласно Кривичниот законик, кривично се пријавени 93 сторители. Според кривично правната класификација 71 од овие дела се за „неовластено производство и …

Continue Reading

Центарот за социјални работи пријави обљуба врз малолетник во Бит Пазар

На 14 октомври, околу 00:30 часот, во Полициската станица Бит Пазар од Центарот за социјални работи било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар едно лице извршило обљуба врз малолетен штитеник на центарот, информира МВР. Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Continue Reading

Тинејџер ја нападнал 18-годишната девојка во Скопје

Oсумнаесетгодишна девојка пријави во МВР дека на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот 19-годишен партнер од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

83-годишник паднал од мотор во Струмичко, тешко е повреден

Вчера во селото Зубово, струмичко, се случила сообраќајна несреќа. Како што информира МВР, 83-годишниот К.С. од Зубово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица. На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Струмица.

Continue Reading

Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на булевар во Скопје

На 13 октомври 2025 година, околу 08:50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од булевар „8 Септември“ и сервисна улица во Скопје се случила сообраќајна несреќа. Според информациите од МВР, во несреќата учествувале патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К. (35) од Скопје, и велосипед управуван од С.Ј. (66) од Скопје. Во судирот тешки …

Continue Reading

Тинејџер во Скопје за 20 дена украл четири велосипеди, електрични тротинети и мопед

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 19-годишник осомничен за кражби на велосипеди, електрични тротинети и мопед. За помалку од 20-тина дена, односно од 22.09 до 09.10.2025 година, осомничениот извршил четири тешки кражби на велосипеди и електрични тротинети во центарот на Скопје, со што прибавил вкупна противправна имотна корист од околу 170 илјади денари. При кражбите користел сила за да …

Continue Reading

Жител на Дебар бесправно изградил објект на државно земјиште крај Дебарското езеро

Жител на Дебар бесправно изградил објект од 88 метри квадратни на државно земјиште крај Дебарското езеро. Полицијата поднесе кривична пријава против К.Ц.(60) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ по член 244 и „Узурпација на недвижности“ по член 225 од Кривичниот законик. Тој, во текот на јуни оваа година, на катастарска парцела во државна …

Continue Reading

Претрес во Кочани, пронајдена дрога: двајца уапсени

Вчера во 10:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода 22-годишниот Д.З. и 23-годишниот Н.Д., двајцата од Кочани, затоа што при преглед кај нив, кај Д.З. е пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот на Д.З., при што се пронајдени и одземени марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана …

Continue Reading