Тројца тешко повредени во сообраќајки во Скопје и Битола

Тројца граѓани се здобиле со тешки телесни повреди во три одделни сообраќајни несреќи што се случиле на 24 октомври во Скопје и Битола, соопшти МВР. Во 19:15 часот во скопското село Марино, на крстосницата од улиците „532“ и „531“, се судриле патничко возило „Тојота Рав 4“ управувано од 63-годишниот Г.Т. од Марино и мопед со кој управувал 32-годишниот С.Г. од …

Continue Reading

Се запали угостителски објект во Пештани, сопственикот вдишал чад и е пренесен во болница

Вчера во полицијата во Охрид било пријавено дека настанал пожар во угостителски објект во охридското село Пештани, сопственост на А.П.(44) од истото село. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид и од сопственикот, кој вдишал чад и бил пренесен во Општата болница во Охрид за укажување помош, соопшти СВР Охрид. Увид изврши полициска екипа.

Continue Reading

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

По преземени мерки и активности во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Б.А.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“. Имено, на 23.10.2025 пријавениот со уште едно лице во три наврати и со лажно прикажување или со прикривање факти измамиле 88-годишна битолчанка …

Continue Reading

Откриена импровизирана лабораторија за производство на дрога во Неготино

Полицијата во Неготино откри импровизирана лабораторија за производство на дрога и психотропни супстанци. Поднесена е кривична пријава и одреден е притвор против едно лице. На 23.10.2025 во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Б.П.(38) од Неготино. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, откриена е импровизирана лабораторија за производство на дрога и психотропни супстанци …

Continue Reading

(Фото) Сообраќајка на патот Македонска Каменица – Делчево, се судрија два автомобили и камион

Денеска околу 12:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица- Делчево, во близина на село Илиово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со приколка со бугарски регистарски ознаки, управувано од В.Х. Г., патничко возило „мерцедес“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Б.П. и патничко возило „фиат“ со регистарски ознаки од Македонска …

Continue Reading

Со четирицикл удрил во ѕид од куќа: тешко повреден скопјанец

Ноќеска во 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„4“ во с.Стајковци, скопско, Г.Р.(71) од Скопје, управувајќи четирицикл со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во ѕид од куќа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

Continue Reading

Охриѓанец го претепал татко си

Синоќа во 21:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.Б. од Охрид во семејниот дом физички го нападнал неговиот татко. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Continue Reading

Уапсени двајца тетовчани: истепале полицајци, а кај едниот е пронајдена марихуана

Денеска во 00:30 часот на улица „Христијан Тодоровски Kарпош“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода М.Л.(33) и Х.Ш.(24), двајцата од Тетово, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија и зато ашто при преглед кај нив, кај М.Л. е пронајдена марихуана. Потоа, во куќата и помошни простории на М.Л., со негова дозвола, извршен …

Continue Reading

Веселба со истрели во Житоше: 26-годишник славел пукајќи во воздух

Полицијата ги приведе  В.Е.(26) и Б.Е.(57), двајцата од  селото Житоше, затоа што на  семејна веселба пред куќата каде што живее во с.Житоше, В.Е. во воздух испукал неколку истрели од огнено оружје. На лице место пронајдени се чаури, а од лицата одземени се гасен пиштол, сопственост на В.Е. и ловна пушка и дозвола за поседување на име на Б.Е.. По документирање …

Continue Reading