Се бара притвор за битолчанка: оставала марихуана на ѕидна ограда од кадешто купувачите си ја подигнувале
Основното јавно обвинителство Битола денеска поведе истрага и предложи мерка притвор за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, против 33-годишна битолчанка. Таа во периодот од 3 март до 25 октомври годинава неовластено држела и продавала наркотична дрога марихуана. Помали пакувања од дрогата, во неколку наврати оставала на надворешниот дел од ѕидна ограда од станбен …
Continue Reading
Скопјанец ограбил две компании за брзи кредити, па го фрлил оружјето од Камени мост и побегнал во Хрватска
Обвинителството поведе истрага против 25-годишен скопјанец, осомничен за две разбојништва извршени во август оваа година во објекти на компанија за брзи кредити во главниот град. Според обвинителството, првото разбојништво било извршено на 15 август во просториите на фирмата во Градскиот трговски центар. Осомничениот седнал на столче за клиенти, а кога вработената го прашала колку пари сака, извадил пиштол и ѝ …
Continue Reading
Малолетни девојчиња нападнале врсничка во Чаир, додека ја удирале уште едно девојче снимало со телефон
Во Скопје е пријавен нов инцидент на малолетничко насилство, овојпат на подрачјето на Чаир, меѓу девојчиња. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 28-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две врснички, кои ги познавала. Настанот се случил вчера, околу пладне. Трето малолетно девојче, кое било присутно, со мобилен телефон го снимало целиот напад. …
Continue Reading
Скопјанка нападната од поранешниот партнер во Кисела Вода
Триесет и двегодишна жена од Скопје пријавија во полицијата дека околу 06:30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер М.Т.(31) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Continue Reading
Изгоре камп приколка на нива во Долно Лисиче, нема повредени
Во саботата попладне, околу 17:20 часот, во нива во атарот на селото Долно Лисиче, скопско, избувнал пожар во камп приколка во која престојувал 68-годишниот В.Н.. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во пожарот нема повредени лица, а огнот бил брзо изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. На местото на настанот бил извршен увид од …
Continue Reading
Малолетник уапсен во Струга, со нож тешко повредил 24-годишно момче од Вевчани
Синоќа околу 50 минути по полноќ, струшката полиција уапсила 17-годишно лице од селото Ташмаруништа, осомничено дека со нож тешко повредило 24-годишен маж од Вевчани. Инцидентот се случил на улицата 15 корпус во Струга, по претходна расправија меѓу двајцата. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, малолетникот со нож го прободел М.П. (24), по што повредениот бил пренесен со возило на …
Continue Reading
Внук ја пронашол починатата баба во Кисела Вода, и’ се слошило и паднала
Жена на 77-годишна возраст била пронајдена почината во својот дом на подрачјето на скопската општина Кисела Вода, соопшти МВР. Случајот на 24 октомври околу 12:50 часот во СВР Скопје го пријавил нејзиниот внук, И.С.Т., кој ја пронашол својата баба Д.С. во куќата. Според пријавеното, ѝ се слошило и паднала, по што лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид извршила …
Continue Reading
Млад скопјанец пријавен за обљуба врз малолетничка, делото го извршувал во повеќе наврати
Полицијата поднесе кривична пријава против 19-годишен жител на Скопје поради сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка. Како што информира МВР, делото било извршено во повеќе наврати, во периодот од октомври до декември 2024 година во Скопје.
Continue Reading
Работник нашол човечки коски кај студентскиот дом „Стив Наумов“ додека копал со багер
Работник од Пехчево пронашол коски кои наликувале на човечки при извршување ископ со багер во кругот на студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопската општина Гази Баба. Како што соопшти МВР, пријавата била поднесена во текот на вчерашниот ден од 39-годишниот Г.Ј. од Пехчево, кој ги извршувал работите во близина на старите гробишта. По насоки на јавен обвинител, пронајдените коски се …
Continue Reading