Нападната и ограбена жена на улица во Аеродром

Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје, М.П.М.(50) од Штип пријави дека околу 17:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила и ја одзело чантата со паричник, лични документи, мобилен телефон и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите на МВР, вчера во 16:15 часот во Скопје на подрачјето на Центар полициски службеници го уапсија И.С.(32) од Скопје, по претходна пријава од вработен во угостителски објект дека околу 13:35 часот пријавениот извадил пиштол, го репетирал и им се заканувал на …

Continue Reading

Загина жител на кавадаречко, го прегазил трактор

Денеска во 09:00 часот во полиција е пријавено дека на локалниот пат кон село Дреново, кавадаречко, трактор со кавадаречки регистерски ознаки, управуван од С.Д.(53) од село Дреново, излетал надвор од патот, при што С.Д. паднал и бил прегазен од тракторот. Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт. Увид извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. …

Continue Reading

Повеќе сообраќајни незгоди низ државата – пијан велосипедист и тинејџер со мотор меѓу повредените

Во текот на 5 ноември биле регистрирани повеќе сообраќајни несреќи низ земјата, во кои четворица учесници се здобиле со тешки телесни повреди, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во Скопје, на обиколницата кај клучката Хиподром, автомобил „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 78-годишниот Б.В., излетал од коловозот. Возачот е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани …

Continue Reading

Насилство во две основни училишта во Скопје

Во текот на изминатите денови во Скопје биле пријавени два одделни инцидента во училишта, информира Министерството за внатрешни работи. На 3 ноември, околу 8:40 часот, во основно училиште во општина Карпош, малолетно дете било физички нападнато од друг ученик. Настанот бил пријавен два дена подоцна, на 5 ноември, од страна на мајката на ученикот. Исто така, на 4 ноември, околу …

Continue Reading

Бомба најдена во автомобил во гаража во Скопје, сопственикот на возилото добил заканувачка порака, МВР влегло во објектот

Ноќеска, околу еден часот по полноќ, непознато лице влегло во гаража од семејна куќа во скопската населба Бит Пазар, во сопственост на маж кој моментално живее во Италија, соопшти Министерството за внатрешни работи. Како што наведуваат од МВР, сопственикот на куќата, идентификуван како Е.Р., набргу по инцидентот добил порака со закана во која му било соопштено дека во неговото возило …

Continue Reading

Лишена од слобода 35-годишна кумановка: возела „бмв“ со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената

Вчера во 14:50 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово ја лишија од слобода 35-годишната И.А. од Куманово. При контрола на патниот сообраќај со радар констатирано е дека И.А. управувала патничко возило „бмв“ со брзина од 92 километри на час во населено место каде што …

Continue Reading

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, уапсени две лица

Вчера во 12:05 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе ги лишија од слобода 30-годишниот Д.Т. од Свети Николе и 25-годишната А.П. од село Горобинци, светиниколско. При претрес во домот на Д.Т., извршен со судска наредба, затекната е А.П. како заедно со него користи дрога, пронајдени и одземени се неколку пакувања со прашкаста материја и предмети со остатоци од прашкаста …

Continue Reading

Со цигла скршил стакло од прозорец и влегол да краде, го нападнал и сопственикот: истрага за разбојничка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за лице осомничено за – Разбојничка кражба според член 238 став 1 од Кривичниот законик. На 19 октомври осомничениот со цигла го скршил стаклото на прозорецот од спалната соба во куќа на улицата “Благоја Стефковски”. Влегол во куќата и пребарувал, па во една од собите пронашол …

Continue Reading