Фатени дилери на дрога, меѓу нив и дете

Ноќта помеѓу 7 и  8 ноември .11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Ј. од Куманово, Ф.С. од Кочани, Б.А., М.Р., П.Ѓ., М.Ј., М.Е., А.П. и еден 16-годишен малолетник, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат …

Continue Reading

МВР со опомена до 150 граѓани кои зборувале на телефон додека минувале на пешачки

Во периодот од 26.09.2025 до 07.11.годинава  полициските службеници од СВР Скопје издале вкупно 150 опомени за граѓаните. Согласно проценките, динамиката и степенот на информираност  и запознавање на граѓаните за измените во законската регулатива, во наредниот период се очекува отпочнување со изрекување на соодветни санкции, по целосното информирање на граѓаните за новите законски одредби. Новите измени во Законот за безбедност во …

Continue Reading

Пожар зафати товарно возило во двор на фирма во Крушопек

Во првите часови по полноќ, на 8 ноември, во СВР Скопје било пријавено дека во двор на фирма во селото Крушопек избувнал пожар во товарно возило ман со скопски регистарски таблички, сопственост на фирмата. Пожарот бил навреме изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Нема повредени лица, а увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на …

Continue Reading

Жена падна во автобус и тешко се повреди

Педесет и седумгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако вчера паднала во автобус кој сообраќал по булеварот Кузман Јосифовски Питу во Скопје. Според пријавеното во СВР Скопје, жената била патник во автобус управуван од 59-годишен возач од Волково. По падот, таа била пренесена во Градската општа болница Св. Наум Охридски, каде што и биле констатирани тешките повреди. На …

Continue Reading

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од нив физички ја нападнал и ја силувал откако таа паднала во бесознание. Кривичната пријава е поднесена против А.Л. (26) од дебарското село Џепиште кој се сомничи за грабнување и полов напад и силување и против 18-годишениот Е.В. од дебарското село …

Continue Reading

Полиција приведе жена, пијана туркала предмети на бензинска

Полиција приведе жена  која туркала предмети на бензинска со 1,95 промили алкохол во крвта, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. – Утрово во 06:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја привеле Е.К.(28) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што на бензинска станица во Кавадарци го нарушила јавниот ред и мир со недолично и дрско однесување кон вработените, туркала …

Continue Reading

Кривична против полициски службеник од СВР Тетово за кривично дело „попречување на правдата“

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против Ф.Н., полициски службеник во Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, поради …

Continue Reading

Радовишанка обвинета за лажно пријавување бомба во основно училиште

Четириесетгодишна радовишанка лажно пријавила дека има бомба во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш. „Осомничената 40-годишна радовишанка, на 29 октомври од Скопје пријавила дека е поставена бомба во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш. Од нејзината електронска пошта, преку мобилниот телефон, испратила порака со заканувачка содржина на службената електронска адреса на училиштето, иако знаела дека не е поставена експлозивна направа …

Continue Reading

Уапсен возач во Ресен, управувал возило со 2,79 промили алкохол во крвта

Вчера на ул. „Корчуланска” во Ресен, полициски службеници го лишија од слобода Б.Л.(45) од с. Царев Двор, ресенско. При контрола во сообраќајот, од страна на полициските службеници било констатирано дека Б.Л. управувал возило „пежо“ под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,79 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а …

Continue Reading