Директорка на Здравствен дом Делчево незаконски продолжила со работа по пензија, го оштетила буџетот за 400.000 денари

Полицијата поднесе кривична пријава против М.Г.(70) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. „Пријавената, директор на Јавна здравствена установа Здравствен дом ‘Гоце Делчев’ – Делчево, спротивно од Законот за работни односи и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствена заштита за време на вонредна состојба, во периодот …

Continue Reading

Полицаец си пукал во рака додека го проверувал своето лично оружје

Вчера во 14:05 часот во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Меџитлија, додека го проверувал своето лично оружје, полициски службеник случајно испукал еден куршум и се здобил со повреда на рака. МВР информира дека се известени јавен обвинител, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и трудов инспектор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Осум дена притвор за насилникот кој претепа и му се закануваше со нож на дете во Скопје

Судот определи притвор од осум дена за насилникот кој нападна и му се закануваше со нож на 12-годишно дете во Скопје, соопшти МВР. „СВР Скопје го расчисти случајот пријавен на 11.11.2025 во 20:00 часот од страна на Г.М.(39) од Скопје, кој пријави дека околу 15:50 часот на подрачјето на Центар, неговиот 12-годишен син бил физички нападнат од Б.Љ., кој потоа …

Continue Reading

Возрасен маж нападнал 12-годишно дете без причина на улица во Скопје: го тепал со тупаници и клоци и му се заканувал со нож

Педесет и тригодишен скопјанец нападнал 12-годишно дете во Скопје. Тој го тепал детето со тупаници и клоци, а извадил и нож. Напаѓачот избегал со мотор, а детето било пренесено во Ургентен центар. Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете. Осомничениот 53-годишник на 11 ноември извршил насилство врз 12-годишно дете. Додека детето …

Continue Reading

Претрес во Гостиварско, пронајден пиштол, приведено едно лице

Вчера во 03:50 часот во село Добридол, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишија од слобода 35-годишниот А.Ш. од село Добридол. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајден и одземен е пиштол „Екол“ со една празна рамка. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Уапсена 33-годишна албанска државјанка: при претрес во Тетово, пронајдена марихауна

Вчера во 17:20 часот, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода 33-годишната Е.К. од Албанија, со престој во Тетово. При претрес во домот во кој живее под наем, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се три пакувања со марихуана. Таа е задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна …

Continue Reading

Инспектор од Македонска Каменица запалил службени документи и предизвикал пожар во полициска станица

Полицијата поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. Пријавениот, на работно место инспектор за јавен ред и превенција во Полициско одделение Македонска Каменица при СВР Штип, на 27.08.2025 додека бил на работа, во кругот на Полициското одделение Македонска Каменица во старо метално буре кое се користело за фрлање на …

Continue Reading

Тешко повреден велосипедист во Скопје, удрил во пешак

Триесет и осумгодишен велосипедист е тешко повреден откако удрил во пешак во Скопје. Според информациите на МВР, вчера околу 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ж.П.(38) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен е увид од увидна …

Continue Reading

Уапсен кавадарчанец, возел со 1,98 промили алкохол во крвта

Доцна синоќа во 03:10 часот на улица „Благој Крстиќ“ во Кавадарци, полициски службеници го уапсија П.М.(35) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.98 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и …

Continue Reading