Починат маж пронајден во Драчево

Вчера во 12:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Драчево  пронајден е починат М.А.(55) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Полицијата соопшти дека бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Превезувал дрва со возило без регистарски таблички па се обидел да ги удри и полициските службеници

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.Т.(37) од селото Мешеишта, општина Дебрца. Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Имено на 02/03.10.2025 во атарот на струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга го затекнале пријавениот како управува патничко возило „митсубиши паеро“ без регистарски таблички натоварено со огревно дрво без документација. Притоа, тој се обидел со возилото …

Continue Reading

На сила и го украл личниот накит: разбојништво во Струшко

Вчера во 17:00 часот во ОВР Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода К.Р.(33) од струшкото село Октиси. Полицијата постапила по претходна пријава дека околу 16:30 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струга со употреба на физичка сила ѝ го одзел личниот накит на Е.Ш.(21) од селото Делогожда, струшко. По целосно документирање на настанот, против него ќе …

Continue Reading

Уапсени возачи во Делчево, Тетово, кривопаланечко, на автопатот Скопје – Штип и на патот Тетово – Гостивар, возеле пијани и со многу поголема брзина од дозволеното

Вчера во 08:30 часот на експресен пат Куманово – Крива Паланка, кај село Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода С.Ѓ.(36) од Крива Паланка. При контрола во сообраќајот со радар, полициските службеници констатираа дека управувал патничко возило „мерцедес“ со кривопаланечки регистарски ознаки со брзина од 171 километри на час на место каде со сообраќаен знак максимално …

Continue Reading

Со нож усмртил жена од Штип и телото го закопал во дворот – расчистено свирепо убиство во Штип, поднесена е кривична пријава против едно лице

СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д.А (74) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство” по член 123 и “противправно лишување од слобода” по член 140 од Кривичниот законик. Toj се сомничи дека во домот во кој живее во Штип без нејзина волја ја држел Б.Н.(79) …

Continue Reading

Обвинение за ширење омраза и дискриминација

По спроведена претходна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 67-годишен жител на Неготино, на 20 октомври на профил и страница на социјална мрежа споделувал видео снимка со која поттикнал …

Continue Reading

Група од шест лица физички нападнале 15-годишник во Аеродром

Вчера во СВР Скопје, М.Ј.(49) од Скопје пријавила дека претходниот ден околу 22:15 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 15-годишен син бил пресретнат од шест лица на возраст од 17 до 20 години. Едниот од нив му се заканил и му побарал пари, но откако не нашол пари кај детето, физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на …

Continue Reading

Возач во Арачиново удрил во тројца пешаци, меѓу кои и тригодишно дете

Возач во Арачиново удрил во тројца пешаци, меѓу кои и тригодишно дете на паркинг.Тројцата со повреди се пренесени во болница. Според информациите на МВР, вчера околу 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор кај село Арачиново, скопско, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(29) од с.Арачиново, удрило во паркирано возило „фолксваген венто“ …

Continue Reading

Кривична пријава за жител на струшко за кражба на струја

Полицијата поднесе кривична пријава против Н.А.(55) од струшкото село Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. Според информациите на МВР, на 18.09.2025, при контрола на мерни броеви било утврдено дека тој неовластено извршил премостување на мерната опрема, при што директно од мрежата преземал нерегистрирана електрична енергија. На тој …

Continue Reading