Пожар во куќа во изградба во Скопје: нема повредени
Вчера околу 16:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Хо Ши Мин“ настанал пожар во куќа во изградба, сопственост на 55-годишниот М.Ц. од Скопје. Од пожарот била опожарена фасада од куќата, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Повредени лица нема. Бил извршен увид.
Continue Reading
Скопјанец се повредил додека работел во приватна фирма во Визбегово: пренесен во болница
Вчера околу 09:45 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 57-годишниот И.М. од Скопје. Според пријавеното, тој со повредите се здобил додека извршувал работни задачи во приватна фирма во село Визбегово, скопско. Известен бил трудов инспектор, а полициски службеници излегле на местото на настанот.
Continue Reading
Семејно насилство во скопски Аеродром: 44-годишник ја истепал сопругата и нејзиниот малолетен син
Денеска во 04:30 часот во СВР Скопје, 44-годишна жена од Скопје пријавила дека на 11.08.2025 околу 23:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг П.Н.(44). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Уапсени двајца мажи од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци
Денеска по полноќ, во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека му се заканувале на градоначалникот на општина Кавадарци М.Ј.(43) и на неговото семејство. Подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, при што биле пронајдени и одземени мобилни …
Continue Reading
Скопјанец почина на Клинички откако бил донесен во тешка здравствена состојба: телото дадено на обдукција
Вчера во 17:20 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во тешка здравствена состојба кај нив бил донесен 66-годишниот Р.Љ. од Скопје, кој подоцна починал. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Неколкумина повредени во сообраќајна несреќа на патот Куманово – Свети Николе, меѓу нив и тримесечно бебе
Вчера во 11:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(50) од Куманово и патничко возило „ауди“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.П.(24) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С., а со телесни повреди се …
Continue Reading
Уапсен велешанец, при претрес пронајдена дрога
Вчера во 18:50 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 47-годишниот И.Л. од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес пронашле и одзеле бела тврда материја и две дигитални ваги. И.Л. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по …
Continue Reading
Обид за убиство во Виница: маж избоден четири пати пред угостителски објект
Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32) од Виница, по вербална расправија, со нож нападна друг маж, Д.С., нанесувајќи му четири убодни рани. По нападот, напаѓачот веднаш побегнал од местото на настанот. Сепак, полициските службеници по обезбедувањето на оперативни сознанија синоќа во Кочани го приведоа, Н.В. Надлежното …
Continue Reading
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот
Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading