Дете тепало дете во основно училиште во Драчево

Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 21:40 часот, А.А. (43) од Скопје пријавил дека на 21.11.2025 околу 09:45 часот, во основно училиште во населбата Драчево неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading

Лажни дојави за бомби во „Јане Сандански“ и соседниот хотел

Вчера во 20:51 и 21:17 часот, на линијата за итни повици 112 биле примени две телефонски пријави за наводно поставени експлозивни направи во Спортската сала „Јане Сандански“ и во хотелот што се наоѓа веднаш до неа. Полицијата веднаш презела мерки, извршени биле сите неопходни проверки, при што било утврдено дека се работи за лажни дојави. Од МВР информираат дека се …

Continue Reading

Уапсени седум лица во Скопје и Тетово, пронајдена дрога и нож

Во текот на 22 и 23 ноември 2025, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Џ.(21), И.Т.(31), С.П.(26), Е.Н.(31), И.Г.(25) и А.П.(26) – сите од Скопје, како и И.М.(35) од Тетово. При контролите кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, таблети и нож. Од МВР информираат дека по целосно документирање …

Continue Reading

Прво ја нападнале жената, па меѓусебно се истепале и кршеле покуќнина – двајца приведени во Штип

Полицијата во Штип вчера ги приведе 35-годишниот В.Д. и 33-годишниот С.Д., обајцата од Штип, по претходна пријава поднесена од 29-годишната Ѓ.М. Според пријавеното, В.Д. физички ја нападнал Ѓ.М., по што тој и С.Д. меѓусебно се пресметале, при што користеле разни предмети и оштетиле дел од покуќнината во домот. Полицијата работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен …

Continue Reading

80-годишен скопјанец нападнат во маркет во Центар

Синоќа околу 21:05 часот, 80-годишниот В.П. од Скопје бил физички нападнат во маркет на подрачјето на општина Центар. Пензионерот случајот го пријавил во скопската полиција. МВР презема мерки за целосно расчистување на нападот и идентификација на напаѓачот.

Continue Reading

Скопјанец тешко повреден во судир со возило со српски ознаки во Скопје

Синоќа околу 20:40 часот, на крстосницата меѓу улиците „Разловечко Востание“ и „Вич“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две возила „хјундаи“ со скопски регистарски таблички и „шкода“ со српски национални ознаки. Хјундаито го управувал 52-годишниот В.Л. од Скопје, додека зад воланот на шкодата бил 38-годишниот Р.Ѓ. од Србија, кој моментално престојува во Скопје. Во несреќата тешко се …

Continue Reading

Грк учествувал во сообраќајка кај преминот Меџитлија – тешко повредена 23-годишна битолчанка

Вчера околу 19:55 часот, на патот од Битола кон граничниот премин Меџитлија, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две возила — „опел корса“ со битолски таблички и „фолксваген поло“ со грчки регистерски ознаки. „Опел корсата“ ја управувала 23-годишната А.С. од Битола, додека „поло“-то го возел 30-годишниот А.Х. од Грција. Во судирот тешко се повредила 23-годишната А.С., а повредите ѝ …

Continue Reading

Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа во Гостивар

Вчера вечерта, околу 19:45 часот, на кејот „Братство-Единство“ во Гостивар, 76-годишниот П.П. од Гостивар беше тешко повреден откако врз него налетало возило „фолксваген шаран“ со гостиварски регистерски таблички. Автомобилот го управувал 63-годишниот Џ.М. од селото Мало Турчане. Повредениот пешак бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. По наредба на јавен обвинител, увид …

Continue Reading

Автомобил и автобус се судрија кај Струга, тешко повредена патничка

Жена е потешко повредена во несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на Струга. Во нсреќата, според информацијата на полицијата, учествувале „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управуван од К.Ќ.(70) од селото Велешта, струшко и автобус „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Н.Ф.(42) од селото Лабуништа, струшко. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила …

Continue Reading