Уапсен крадец во Струмица, украл мопед „сузуки“
Вчера во 19:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода С.В.(59) од село Дабиле, струмичко. Тој се сомничи дека околу 16:00 часот од вулканизерска работилница во Струмица одзел мопед „сузуки“ со струмички регистарски ознаки. С.В. бил задржан во Полициската станица Струмица и во службен разговор го признал делото. Од него бил одземен и мопедот и …
Continue Reading
Четирицикл се преврте во Тетовско: две лица повредени
Вчера во 17:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с. Синичане, општина Боговиње, четирицикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од П.К.(31) од Тетово, се превртел на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Н.С.(26) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од …
Continue Reading
Со закани по живот, изнудил над 300.000 денари
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ф.Ј.(28) од Штип. Тој се сомничи за сторено кривично дело „изнуда“. Во период од октомври 2024 до 20.06.2025, пријавениот со закани по живот, во неколку наврати изнудил пари од оштетениот, нанесувајќи му вкупна штета од 356.000 денари.
Continue Reading
Полицаец подигнал 11 лични карти за лица кои живеат во Чучер Сандево, но ниту ги доставил, ниту пријавил дека недостасуваат
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против Д.С. на работно место полицаец во ПС Чаир при СВР Скопје. Тој се сомничи за кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од КЗ. Имено, пријавениот полициски службеник …
Continue Reading
Уапсен дилер во Скопје, запленети 100 кесички со марихуана
Вчера околу 19 часот на улицата „Анкарска“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ. од Скопје. Откако му бил даден знак да застане, Р.Ѓ. се дал во бегство, но набргу, по преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, бил лишен од слобода, извести МВР. При тоа, Р.Ѓ. фрлил …
Continue Reading
Групна тепачка во Батинци
На 29 август 2025 година, околу 23:30 часот, во село Батинци кај Скопје избила групна тепачка во која учествувале повеќе лица, потврдија од МВР. Според информациите, поради претходно нарушени меѓусоседски и семејни односи, дојде до физичка пресметка помеѓу две групи жители на Батинци, во која биле употребени тврд предмети и остри оружја. Во првата група учествувале Ф.С. (27), Е.С. (18), …
Continue Reading
Четири лица, меѓу кои и деца повредени во сообраќајка во Коњари
На автопатот „Гоце Делчев“, во близина на клучката Коњари, вчера попладне се случила тешка сообраќајна несреќа во која се превртело патничко возило „хонда“ со скопски регистарски таблички, информира МВР. Несреќата се случила на 30 август, околу 13:15 часот, во правец од Свети Николе кон Скопје. Возилото го управувал 36-годишниот З.Н. од Скопје. Според информациите, со тешки телесни повреди се здобила …
Continue Reading
Притвореник побарал лекарска помош и починал во ќелија во затворот во Шутка
Притвореник од Долно Коњари вчера починал во КПУ Затвор Скопје, информираат од полицијата. -На 30.08.2025 околу 15:30 часот во СВР Скопје од страна на вработен во КПУ Затвор Скопје е пријавено дека М.П. (54) од Д. Коњари, кој бил во притвор, побарал лекарска помош. Од страна на доктор од Итна медицинска помош во 15:58 часот била констатирана смрт, без траги …
Continue Reading
Жена возела „дрво“ пијана низ Струмица, полицијата фати пијани возачи
Три лица од Виница, Куманово и Струмица се лишени од слобода поради управување со моторни возила под дејство на алкохол, при што предизвикале сообраќајни несреќи. Вчера околу 13:10 часот, полициски службеници од СВР Струмица го привеле Р.П. (52) од Струмица. Тој управувал патничко возило „пасат“ на булевар Ленинова под дејство на 3,47 промили алкохол во крвта, што резултирало со сообраќајна …
Continue Reading