Прилепчанец фатен со 35 килограми марихуана: пред 20 дена излегол од затвор за трговија со трога
На регионалниот пат Битола- Прилеп денеска полициски службеници, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога, спречија транспорт на околу 35 килограми марихуана. По претходно преземени оперативни мерки кон И.А. (36) од Прилеп, кој пред 20 дена завршил со издржување на казна затвор во траење од 3,5 години за сторено кривично дело „недозволена трговија со дрога”, …
Continue Reading
Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за истрага против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи. Во неговиот дом во Идризово, осомничениот 57-годишник неовластено држел муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета. При претрес, во дрвен сандак во дневната соба, полицијата …
Continue Reading
Тешко повреден патник во автобус на ЈСП
Вчера во 10:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, во автобус на ЈСП, управуван од С.Б.(57) од Скопје, паднал патникот Љ.Ш.(64) од Скопје. Според информациите на МВР, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Continue Reading
Приведени три лица од тетовско барани по потерници за издржување затворски казни
На 02.09.2025 во 10:00 часот во с.Желино, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ш.С.(25) од с.Требош, тетовско, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик. На 02.09.2025 во 20:30 часот во с.Горно Седларце, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го …
Continue Reading
Уапсени двајца турски државјани на Деве Баир, на увид приложиле фалсификувани зелени карти за возилата кои ги управувале
Вчера вечер, во 20:10 часот и денеска во 00:10 часот по полноќ, на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода 46-годишниот Ш.А. и 39-годишниот Џ.К., двајцата од Република Турција. При гранична проверка и контрола на товарно возило „даф“ со полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал Ш.А., било констатирано дека меѓународните зелени …
Continue Reading
Германец фатен со дрога на Табановце: во неговото возило пронајдени пакувања со марихуана
Вчера вечер во 20:25 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 46-годишниот О.С. од Сојузна Република Германија. При гранични проверки и контрола во возилото кое го управувал биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена …
Continue Reading
Малолетник со електричен тротинет удрил во пешак на „Партизанска“, со тешки повреди пренесен во болница
Тешко повреден пешак на велосипедска патека во Скопје, во него удрил електричен тротинет. Според информациите на МВР, на 31 август, во 17:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, на велосипедската патека, електричен тротинет управуван од малолетник удрил во Р.Т.(84), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле и малолетникот и пешакот, …
Continue Reading
(Вознемирувачко видео) Малолетнички претепале девојче во Чаир, видеото од насилството објавено на социјалните мрежи
На социјалните мрежи е објавено видео со вознемирувачка содржина на кое се гледа како малолетнички тепаат друго девојче. Од МВР информираат дека малолетничките и нивните родители се повикани во полициска станица. „СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојче од Чаир, извршен од страна на малолетнички, кои го снимале настанот и го објавиле на социјалните мрежи. По преземени мерки …
Continue Reading
Уапсен кавадарчанец: возел со 217 км на час на место на кое брзината е ограничена на 120 км на час
Вчера во 21:55 часот на автопат „Пријателство“, кај село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода 25-годишниот Д.Д. од Кавадарци. При контрола со радар, полициски службеници констатирале дека Д.Д. управувал патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки со брзина од 217 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 120 километри на …
Continue Reading