Уапсен 32-годишник од Скопско, превезувал прехранбени производи без документација
Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р.(32) од село Брест, скопско под сомнение за сторено кривично дело согласно член 278 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија. Имено, при преглед на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое Б.Р. го управувал била констатирана поголема количина на прехранбени производи и филтри за цигари со неутврдена количина и …
Continue Reading
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 паковка со марихуана
Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана. Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде …
Continue Reading
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе
Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете. Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Continue Reading
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили
Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили. Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка. Според МВР, …
Continue Reading
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа
Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност. „На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Continue Reading
Тетовец го нападнал својот брат во двор на џамија поради долг
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 55-годишник од тетовско село поради насилство. „На 12 август во двор на џамијата во селото, поради наводен долг, пријавениот физички го нападнал неговиот 60-годишен брат“, соопшти МВР.
Continue Reading
Уапсен 18-годишен скопјанец, при претрес во домот пронајдена дрога
Полицијата вчера вечер, на подрачјето на општина Аеродром, го уапси Х.В.(18) од Скопје. Според информациите на МВР, при претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприц исполнет со течност. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading
Уапсен 30-годишник од Скопско поради тешка кражба, одреден му е притвор
На 14.10.2025 часот во 17:30 часот во трговски центар на подрачје на Карпош во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот М.А. од село Глумово, скопско поради извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија. Лицето по насока на Јавен обвинител беше задржано во Полициска станица и по комплетирање на доказниот …
Continue Reading
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото
Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото. Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом. Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил …
Continue Reading