25-годишник загина во сообраќајка на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка

25-годишник загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане. Како што информираат од СВР Куманово, вчера, околу 19:05 часот, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот С.Т. од село Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник, а потоа преминало во спротивната сообраќајна лента, предизвикувајќи директен судир со патничко возило …

Continue Reading

Кривична пријава за „посредување во вршење проституција“ и „помагање“

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 40-годишната Г.Ш. од село Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење на проституција“ и против 60-годишниот Г.Н. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. Пријавената Г.Ш., во текот на 2024 и 2025 година во Тетово, во помошен објект од куќата на второпријавениот, …

Continue Reading

60-годишна жена натепана на автобуска постојка

Вчера во 20:10 часот во СВР Скопје, З.А.(60) од Скопје пријави дека на 12.02.2026 во 06:50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје, едно женско лице физички ја нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Со возило се обидел да удри работници

Во СВР Скопје на 14 февруари 2026 година во 20:00 часот било пријавено дека неколку часа претходно се случил сериозен инцидент на градилиште на подрачјето на Кисела Вода. Според пријавата од Н.К. од Скопје, околу 14:15 часот, И.Д. од Скопје најпрво им се заканувал на двајца вработени кои работеле на објект во изградба. По вербалните закани, тој го стартувал патничкото …

Continue Reading

Кривична пријава против сопственик и фирма од Делчево поради пожар со 30 гости во објектот

МВР поднесе кривична пријава против правно лице од Делчево и неговиот сопственик Н.Д. (35), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно поради пожар, кој избувнал на 1 јануари 2026 година, во момент кога во неговиот објект биле сместени околу 30 гости  и довел до сериозна опасност за нивниот живот и здравје, информира полицијата. Според …

Continue Reading

Скопјанец со нож тешко ја повредил 17-годишната девојка со која живеел во вонбрачна заедница

Пијан скопјанец ја нападнал со нож неговата 17-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница. Таа била пренесена во Општа болница во Струга каде ѝ биле констатирани телесни повреди. ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела телесна повреда и вонбрачен живот со дете. Тој, на 14.02.2026 околу 18 часот …

Continue Reading

За да го измамат Безбеден град ги криеле табличките, полицијата ги приведе

Полицијата лишила од слобода  двајца возачи поради прикривање регистарски ознаки, при акциска контрола спроведена ноќта меѓу 13 и 14 февруари, од 19:00 часот до 03:00 часот на подрачје на Центар и Бит Пазар во Скопје. МВР денеска соопшти дека при контролата констатирани се седум сообраќајни прекршоци и одземени се две возила по член 378 и член 380 од Кривичниот законик. …

Continue Reading

Петнаесет возачи се лишени од слобода во еден ден поради возење без возачка дозвола

Петнаесет возачи се лишени од слобода вчера поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол, а од нив двајца малолетници. Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода четири лица во Гостивар, двајца во Тетово и по еден во …

Continue Reading

Малолетник возел без дозвола и удрил во 42-годишник

17-годишен малолетник вчера удрил во 42-годишен пешак, Е.К., додека управувал автомобил „деву тико“ со битолски таблички на улицата Козјак во Битола, Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што му била укажана медицинска помош. СВР Битола извршила увид на местото на несреќата. По проверките било утврдено дека малолетникот управувал возило и …

Continue Reading