Гостиварец ја позајмил колата од негов братучед и ја продал за 4.500 евра
Гостиварец ја позајмил колата од братучед му и без негово знаење ја продал за 4.500 евра. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 26.09.2025, пријавениот позајмил патничко возило „фолксваген голф“ од негов братучед, а потоа го продал за 4.500 евра на друго лице …
Continue Reading
Автомобил удри во 4-годишно дете, со тешки повреди е пренесено во болница
Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило …
Continue Reading
Претрес во струшко, пронајдени дрога и куршуми, уапсен 28-годишник
Вчера во 10:30 часот во струшкото село Подгорци, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишија од слобода 28-годишниот Д.Р. од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и куршуми различен калибар. По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Continue Reading
40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски
Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата попладне. „Син ми почина“, напиша мајката Роза во еден од коментарите на Фејсбук. 40-годишниот прилепчанец Виктор Илиоски, кого семејството го пријави дека исчезнал, попладнево е пронајден починат во кругот на болницата во Прилеп, соопшти МВР. „Денеска (16.02.2026) во 16:00 часот …
Continue Reading
Уапсени две жени од Грција, краделе козметика во трговски центар во Аеродром
Полицијата уапси две грчки државјанки, осомничени за извршена кражба во продажно место на подрачје на општина Аеродром. Според информациите на МВР, вчера во 19:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 46-годишната Е.П. и 26-годишната Г.Г., двете од Република Грција. Тие се сомничат дека на 14.02.2026 во периодот од 18:15 до 18:35 часот од продажно …
Continue Reading
Скопјанец ги нападнал мајка си и сопругата, жена насилно внесена во возило – четири случаи на семејно насилство во главниот град
Четири одделни случаи на семејно и партнерско насилство се регистрирани за еден ден во Скопје, при што во еден од инцидентите осомничен нападнал мајка и сопруга со остар предмет, а во друг 27-годишна жена била насилно внесена во возило и физички нападната од поранешниот партнер. На 15.02.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од скопско пријавила дека на …
Continue Reading
Приведени две лица по напад во угостителски објект во Скопско Поле, пронајден пиштол во возило
Синоќа на улицата Благоја Стефковски во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа А.С.(35) од главниот град. При преглед во возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал со уште едно лице, кај него бил пронајден и одземен пиштол. Според информациите од МВР, тој се сомничи дека истиот ден околу 22:00 часот …
Continue Reading
Тројца струмичани осомничени за продажба на екстази
Полицијата поднесе кривична пријава против Т.М.(33), А.А.В.(23) и А.Ѓ.(23), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Според информациите, во периодот од октомври 2024 година до февруари 2025 година, пријавените се здружиле со цел неовластена продажба и пуштање во промет на екстази – …
Continue Reading
Загина пешак кај Струга, во него удрил камион
Седумдесет и петгодишен пешак загина во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово во 06:30 часот на магистралниот пат Подмоље- Струга. Според информациите на СВР Охрид, товарно возило „ман“,управуван од А.А.(52) од Република Албанија, удрило во пешакот У.Д.(75) од струшкото село Ливада кој, од здобиените повреди починал на местото на несреќата. Лекар од Итна медицинска помош Струга констатирал смрт, а …
Continue Reading