Охриѓанец приведен откако физички ја нападнал невенчаната сопруга и малолетното дете
Полициски службеници од СВР Охрид синоќа привеле 44-годишен жител на Охрид по пријава за семејно насилство. Како што соопшти полицијата, на 10 март 2026 година во 23:15 часот во Охрид бил лишен од слобода О.Л. (44) од Охрид, откако претходно било пријавено дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата невенчана сопруга и нивното малолетно дете. Од полицијата информираат дека …
Continue Reading
Уапсен Турчин: пронајдени мигранти во возилото кое го управувал
Вчера во 22:30 часот на место викано „Краварски пат“ во Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода С.E.(62) од Република Турција. При преглед во патничко возило „фолксваген туран“ со албански национални ознаки,кое го управувал, пронајдени се седум лица мигранти од Египет. Мигрантите се сместени во Прифатно–транзитен центар Винојуг во Гевгелија …
Continue Reading
Кривична против 24-годишник од Скопско за криумчарење: пронајдени 10 лица мигранти од Египет
Вчера околу 06:00 часот во близина на клучка Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ и од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Неготино го лишија од слобода Р.М.(24) од село Студеничани, скопско. Претходно, по добиени сознанија дека превезува мигранти на патот Гевгелија -Демир Капија, полициски службеници Полициската станица …
Continue Reading
Измамена 80-годишна битолчанка: и кажале дека ќерка и е повредена во сообраќајка и потребна е итна операција
Во СВР Битола вчера во 15:50 часот, 80-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 150.000 денари, 150 евра, 1.300 австралиски долари, како и златен накит. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ја известило дека нејзината ќерка била повредена во сообраќајна несреќа, при што требало да се направи итна операција, за која требало да …
Continue Reading
Албанец тврдел дека се повредил во сообраќајна несреќа, лекарите откриле прострелна рана
Вчера во 15:13 часот во СВР Скопје, од Општата градска болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен П.Ѓ.(25) од Албанија. Имено, тој пријавил дека се повредил при случена сообраќајна несреќа од пред неколку дена, но по преземени мерки, лекарите утврдиле дека тој има прострелна рана. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување …
Continue Reading
Скопјанец ги нападнал поранешната партнерка и нејзиното момче: бил употребен и електрошок
Вчера во 08:30 часот во СВР Велес, 23-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом дошол Б.Б.(26) од Скопје – нејзин поранешен партнер и физички ја нападнал неа и нејзиниот сегашен 24-годишен партнер. По што и М.К.(30) и Д.Б.(43), двајцата од Скопје, кои дошле со Б.Б., физички го нападнале нејзиното момче, при што употребиле електрошок и тврд предмет. По преземени мерки, …
Continue Reading
Уапсен професор од средно училиште во Скопје, барал да има полови односи со ученичка
Полицијата уапси професор во средно училиште во Скопје кој, според пријавата, барал од 18-годишна ученичка да имаат полови односи. Според информациите на МВР, вчера во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 вознемирувал 18-годишна …
Continue Reading
Стружанец возел без возачка и со 1,77 промили алкохол во крвта: полицијата му го одзема возилото
Синоќа во 19:50 часот во струшкото село Враништа, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга го лишија од слобода Н.Д.(28) од истото село. При контрола на регионалниот пат Враништа-Струга, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и притоа, констатирале дека немал положен возачки испит за Б категорија и дека го …
Continue Reading
Охриѓани ја тепале и агресивно се однесувале кон снаата
Вчера во СВР Охрид е пријавено дека И.А. и Ј.А. во семејниот дом во Охрид агресивно се однесувале кон нивната снаа и физички ја напаѓале. Во соработка со Центарот за социјални работи од Охрид, по целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading