Напад врз 15-годишно момче во Скопје, осомничениот репетирал оружје и пукал
На 12 март 2026 година во 03:30 часот во СВР Скопје, Н.И.(39) од Скопје пријавил дека на 11 март околу 19:30 часот на подрачјето на Центар неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од двајца малолетници. Според пријавеното, подоцна на подрачјето на Гази Баба едниот од нив репетирал огнено оружје кон малолетникот и испукал истрел, додека другиот фрлал тврди предмети кон …
Continue Reading
Скопјанец пијан удрил во возило на МВР
На 11 март 2026 година околу 21:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во селото Батинци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(41) од Скопје и патничко возило „шкода“, сопственост на МВР, управувано од И.М.(34) од Скопје. Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „шкода“ и двајца …
Continue Reading
Автобус и автомобил се судрија во Скопје, повреден 4-годишен патник – МВР трага по возачот на автомобилот
Вчера во полицијата било пријавено дека на крстосницата од булеварите „Кузман Јосифовски Питу“, „Кочо Рацин“ и улицата „Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа. Во несреќата учествувале автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Г.(55) од селото Волково, скопско, и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот на автомобилот го напуштил местото на настанот. Со …
Continue Reading
Насилство меѓу деца чираци во берберница во Арачиново: 15-годишник нападнал 14-годишник
Насилство избило во берберница во скопско Арачиново, помеѓу деца на возраст од 14 и 15 години. Инцидентот се случил на 11 март околу 13:30 часот, кога по расправија 15-годишник физички нападнал 14-годишно момче, при што употребил и остар предмет. Случајот бил пријавен истиот ден полицијата од страна на таткото на нападнатиот малолетник, велат од МВР. Двајцата малолетници работеле како чираци …
Continue Reading
Извлечено тело на жена од Вардар во Скопје, познат иднетитетот
Вчера околу 11:00 часот, полициски службеници од водите на реката Вардар извлекле тело на женско лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Подоцна било утврдено дека станува збор за 50-годишната А.Х.И. од Скопје, за која член од семејството во меѓувреме пријавил дека утрото, по 08 часот, излегла од …
Continue Reading
Кривична пријава за двајца велешани: украле паричници во болница и подигнале 23.000 денари од картички
Поднесена е кривична пријава против Ѓ.Д.(41) и Д.А.(37), двајцата од Велес. Според полицијата, во службена просторија во Општата болница во Велес, пријавените одзеле паричници со пари и лични документи на две лица. Потоа, на 1 октомври 2025 година, од банкарските картички на оштетените лица подигнале 23.000 денари. Фото: depositphotos
Continue Reading
Инциденти во здравствени установи во Скопје: закани, оштетен инвентар и физички напад
Два одвоени инцидента во здравствени установи се пријавени во СВР Скопје, информира полицијата. На 10 март 2026 година во 13:30 часот, од здравствена установа на подрачјето на Карпош било пријавено дека претходната вечер околу 22:50 часот пациентот Б.Ш. (40) од Велес се однесувал агресивно и упатувал закани кон вработени во установата. Тој оштетил дел од инвентарот и се обидел да …
Continue Reading
По расправија во локал во Тетово: тепачка, оштетено такси и нападнат таксист
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ф. (37) и Ќ.Б. (33), двајцата од село Желино, општина Желино, С.И. (46) од село Требош, тетовско и И.К. (38) од село Прељубиште, општина Јегуновце, поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“. Според полицијата, на 7 декември 2025 година во угостителски објект, по претходна расправија, настанала физичка пресметка меѓу пријавените лица. По инцидентот, на …
Continue Reading
Приведен пензионер од Грција поради сомнеж дека допирал 14-годишно момче од Штип во бања
Полицијата го приведе П.Д.(66) од Република Грција. Тој се сомничи дека околу 12:00 часот во просторија за тушеви во бања во Штип допирал по телото 14-годишник од Штип. „Според пријавеното, малолетникот со родителите отишле во бањата и откако се разделиле со неговиот татко во машкиот дел, П.Д. тргнал по него и го извршил делото“, велат од МВР. Лицето е задржано …
Continue Reading