Лажен полицаец одзел возило на фирма а подоцна нападнал и женско лице
СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Х.Ј.(45) од Штип. Тој се сомничи за сторени кривични дела „лажно претставување“, „одземање на моторно возило“ и „тешка кражба на дрзок начин“. На 09.03.2025 на ул.„Рибник” во Штип, пријавениот сопрел патничко возило „пежо“ во сопственост на правен субјект, претставувајќи се лажно како полициски службеник, при што го одзел возилото и си заминал од местото. …
Continue Reading
Прегазен 93-годишен скопјанец: со тешки повреди пренесен во болница
Вчера околу 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Иван Хаџиниколов“ и ул.„Јанко Митиќ“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(37) од с.Студеничани, скопско, удрило во пешакот Б.А.(93) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Полицијата информира дека …
Continue Reading
Брат претепал сестра и го оштетил и возилото, скопјанка претепана од сопругот: неколку случаи на семејно насилство во Скопје
Полицијата информира дека во текот на вчерашниот ден (01.04.2026) на подрачјето на Скопје и околината биле пријавени неколку случаи на семејно насилство. Имено, вчера околу 01:30 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.А.(27) затоа што агресивно се однесувал кон неговата 37-годишна сестра и ѝ упатувал закани. Истиот ден, околу 13:30 часот таа пријавила дека на 31.03.2026 …
Continue Reading
Приведен вработен во МВР: возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицаецот
Вчера полициски службеници го приведоа 45-годишниот С.Р., вработен во Секторот за општи и заеднички работи на МВР. При вршење на физичка регулација на сообраќајот на крстосницата од улицата „Јордан Мијалков“ со улицата „Димче Мирчев“ во Скопје, полициски службеник од СВР Скопје запрел патничко возило „мерцедес“, управувано од С.Р., кој се движел во спротивна насока и воедно претекнувал колона на возила. …
Continue Reading
Пет кучиња и лисица пронајдени угинати во Маркова Сушица, потврдено труење
И.С.(37) од Скопје пријавила дека на 03.03.2026 во село Маркова Сушица пронашла пет угинати кучиња и една угината лисица. Според пријавеното, таа самоиницијативно однела едно од угинатите кучиња на обдукциска анализа на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, по што на 25.03.2026 добила обдукциски протокол дека кучето угинало како последица на труење со отров. Од полицијата информираат дека се преземаат …
Continue Reading
Напад во парк во Ѓорче Петров: Малолетничка претепана, објавена фотографија на социјални мрежи
Синоќа во полицијата, В.П.(50) од Скопје пријавила дека претходниот ден околу 12:30 часот во парк во Ѓорче Петров, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички кои ги познавала. Според пријавата, по нападот, едната од малолетничките објавила фотографија од настанот на социјална мрежа. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Грабеж среде бел ден во Центар: На автобуска постојка ѝ одзеле накит на 55-годишна жена
Педесет и петгодишна скопјанка пријавила дека вчера околу 10:30 часот, на автобуска постојка на подрачјето на Центар, при качување во автобус, била нападната од едно лице кое со употреба на физичка сила ѝ одзело личен накит. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Судир во Студеничани: Повредени возачи и две деца, едно со тешки повреди
Вчера во полицијата било пријавено дека во село Студеничани се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „ауди“, управувано од Ќ.А.(42) од селото, и патничко возило „тојота“, управувано од 34-годишната Р.И., исто така од Студеничани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „ауди“ и шестгодишен сопатник од „тојота“. Со телесни повреди се здобиле и друг шестгодишен сопатник од …
Continue Reading
Поднесена кривична пријава за „лихварство“ против струмичанка
СВР Струмица поднесе кривична пријава против 53-годишната Ј.Т. од Струмица поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Во периодот од 2023 до 2025 година, пријавената ја искористила тешката финансиска состојба на лица од Струмица, им давала пари на заем, при што за себе договарала и наплатувала несразмерно висока камата, со што стекнала противправна имотна корист. Машко лице …
Continue Reading