Спречени обиди за криумчарење на над 16 илјади парчиња лекови, забни импланти, опрема за тетовирање, над 12 тони овошје и зелечук и златен накит
Царинската управа спречи обиди за криумчарење на над 16 илјади парчиња лекови, 116 парчиња забни импланти, опрема за тетовирање, над 12 тони овошје и зелечук и златен накит. Во три случаи против осомничените се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик. Вкупно 16.051 парчиња непријавени лекови, со вредност од 1,6 милиони денари, се пронајдени при …
Continue Reading
(Фото+видео) Пресечен транспорт на дрога во близина на Градско
На автопатот „Пријателство“ кај Градско полицијата пресече транспорт на дрога и заплени околу 65 килограми марихуана. Акцијата била спроведена на 3 април од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во координација со специјалната единица „Тигар“, преку оперативно-тактичка мерка „заседа“. Кај наплатната рампа Стоби, полицијата забележала сомнително движење на патничко возило „сеат …
Continue Reading
МВР: Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 15 возачи поради безобѕирно управување возило. Од нив 10 лица возеле без возачка дозвола во Скопје, на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај клучката за с. Групчин, во Гостивар, Кочани и Кичево. Четворица возачи управувале возило под дејство на …
Continue Reading
МВР: Четворица лишени од слобода за семејно насилство – вкупно седум пријави во последното деноноќие
Министерството за внатрешни работи информира дека во последното деноноќие се лишени од слобода четири лица за семејно насилство, а регистрирани се вкупно седум пријави во Куманово, Тетово, Скопје и Кичево. „На 03.04.2026 во 10:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.М. (32) од кумановско поради тоа што подолг временски период физички ја малтретирал неговата сопруга и …
Continue Reading
Заклучена во тоалет и избркана од домот: Жена од Бит Пазар пријавила семејно насилство
Во раните вечерни часови на 2 април, 31-годишна жена пријавила во СВР Скопје дека во нивниот дом на подрачјето на Бит Пазар била изложена на насилство од сопругот. Според нејзината пријава, тој најпрво ја заклучил во тоалетот, а по извесно време и физички ја нападнал, по што ја избркал од домот. Таа навела дека во еден момент и нивните четири …
Continue Reading
Жена oд Скопје тврди дека подолго време трпела семејно насилство, сопругот пријавил закани неколку часа подоцна
Во текот на ноќта во Скопје, сопружници меѓусебно се пријавиле во полиција по инцидент во нивниот дом на подрачјето на Центар. Околу 1 часот по полноќ, 52-годишна жена пријавила дека нејзиниот сопруг агресивно се однесувал и се обидел физички да ја нападне. Според нејзината пријава, таа подолг период била изложена на физичко и психичко малтретирање, но претходно не го пријавувала …
Continue Reading
Додека го чистел оружјето, си нанел прострелна рана: маж од пробиштипско пренесен на Клиника
На 2 април попладне, во Пробиштип пристигнала пријава од Итната медицинска помош дека во семеен дом во село Добрево бил пронајден маж со прострелна рана. Неговиот татко го затекнал во домот и веднаш била побарана медицинска помош, по што случајот бил пријавен и во полиција. По извршениот увид и разговорите со таткото и братот, било посочено дека повредата настанала истиот …
Continue Reading
Возел пијан и без возачка, па предизвикал сообраќајка: уапсен 37-годишник од Берово
Вчера во 17:48 часот во ОВР Берово е пријавено дека на регионалниот пат Берово- село Дабиље, на место викано „Ширината“, во атар на Берово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со беровски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот Ѓ.А. од Берово и патничко возило „шкода“ со беровски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот А.Г. од Берово. Во несреќата со тешки …
Continue Reading
Уапсена жена од село Скудриње, барана со потерница за затворска казна од пет години и шест месеци
Вчера во 09:00 часот, во село Скудриње, општина Маврово и Ростуше, полициски службеници од ПО Ростуше ја лишија од слобода, 45-годишната А.А. од село Скудриње, врз основа на потерница по судска наредба за издржување казна затвор во траење од пет години и шест месеци, за сторено кривично дело по член 190 и член 45 од Кривичниот законик. Таа е спроведена …
Continue Reading