Шверцал мигранти, па со возилото излетал од патот Богданци – Гевгелија: уапсен 43-годишник
На 12.04.2026 полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода 43-годишниот И.Д. од Гевгелија поради основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 11.04.2026 во 21:20 часот, на регионалниот пат Богданци – Гевгелија, поточно на местото „Шарен мост“, патничко возило „фолксваген“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од И.Д. излетало надвор од патот. По несреќата, возачот побегнал од …
Continue Reading
Насилно ограбена жена на мостот „Гоце Делчев“: полицијата ги уапсни двајцата разбојници
Вчера околу 15:30 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.М.(39) и А.С.(28), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од 74-годишна жена од Скопје, дека околу 13:05 часот на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, со употреба на физичка сила и го одзеле накитот што го носела. Одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопственичката, а …
Continue Reading
Со закана со нож ограбени малолетници во Градскиот парк: уапсени четворица разбојници
Вчера околу 21 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А. (20), Н.Д.(40) и двајца малолетници од Скопје поради извршени кривични дела „разбојништво“ во близина на фонтаната во Градскиот парк во Скопје, каде со закана со нож одзеле пари од неколку малолетници. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителите се приведени во …
Continue Reading
Синоќа уапсени петмина скопјани фатени со дрога
Синоќа на различни локации во Скопје полиција ги уапси Е.С.(39), Р.Р.(39), З.К.(43), Ј.К.Џ.(35), и Б.А.(27) сите од Скопје затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, од МВР велат дека ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за сите петмина.
Continue Reading
Чекала автобус во Центар кога насилно и го одзеле накитот, скопјанка пријавила грабеж
Скопјанка пријавила дека вчераутро на автобуска постојка во скопски Центар едно лице насилно и го одзело накитот што го носела. МВР презема мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Се степаа двајца вработени во хотел во скопски Аеродром, имале расправија за работните задачи
Доцна синоќа во полицијата била пријавена тепачка меѓу двајца колеги вработени во хотел во скопската населба Аеродром, јави МВР. Ф.И.(28) и Б.М.(36), двајцата од Скопје, претходно имале расправија за работните задачи, а со тепачката го нарушиле јавниот ред и мир. Обајцата ќе добијат соодветни поднесоци по целосно документирање на случајот.
Continue Reading
Без возачка дозвола превезувале питбул повреден во борба, уапсени деветнаесетгодишник и двајца 17-годишници
На локалниот пат кон село Камењане доцна синоќа полицијата сопрела „голф“ со тетовски регистарски таблички управував од 19-годишниот А.Д. кој немал возачка дозвола, а во багажникот превезувал повредно куче. „При преглед во багажникот на возилото е пронајдено повредено куче од расата питбул, за кое лицата во возилото изјавиле дека е повредено при борба со кучиња во селото Камењане. Заедно со …
Continue Reading
Кривична за гевгеличанец кој лани во мај бегаше од полиција со лице осудено на четири години затвор
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(34) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител по извршено кривично дело“. На 30 мај, лани, на местото кое локалниците го знаат како ’Нова депонија’ над село Ново Конско, гевгелиско, пријавениот не застанал на даден знак од полицијата за запирање …
Continue Reading
Уапсен жител на виничко Блатец со 3,18 промили алкохол во крвта, спречувал полицаец во вршење должност
Во виничкото село Блатец вчера попладне бил уапсен жител на селото со 3,18 промили алкохол во крвта. „Полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.К.(44) од с.Блатец затоа што претходно агресивно се однесувал и попречувал полициски службеник при извршување службени дејствија. При преземање мерки, извршен е алкотест и констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека …
Continue Reading