Тројца мажи се истепаа во кафеана во Македонска Каменица: сите биле пијани

Вчера во 01:10 часот полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица ги приведоа В.М.(28), М.М.(42) и М.А.(34), сите од Македонска Каменица, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Македонска Каменица, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. При извршен алкотест, било констатирано дека М.М. има 2,25 промили алкохол во крвта, В.М.- 1,65, а М.А.- 1,18 …

Continue Reading

Нападнат таксист во Аеродром

Вчера во 22:10 часот во СВР Скопје, 41-годишниот М.П. од Скопје пријави дека околу 21:45 часот, додека седел во своето такси возило, на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од В.Д.(46) од Тетово. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Малолетник нападнал друг малолетник пред игротека во Шуто Оризари: во полиција се пријавил сам

Ноќеска во 01:20 часот во Полициска станица Шуто Оризари, сам се пријави малолетник од Шуто Оризари, кој на 11.04.2026 околу 22:20 часот пред игротека во Шуто Оризари, скопско, со употреба на остар предмет му нанел повреди на друг малолетник од Шуто Оризари. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Скопјанец истепан на Бит Пазар

Вчера во 22:45 часот во СВР Скопје, Л.О.М.(20) од Скопје пријави дека околу 21:00 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, по претходна расправија, бил физички нападнат од М.И.(23) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Уапсен 38-годишник од село Камењане поради инволвираност во борби со кучиња

Вчера во 15:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане, во атарот на село Камењане на местото викано „Бунариште“, го лишија од слобода 38-годишниот С.Р. од истото село поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик, односно поради инволвираност во борби со кучиња, а во врска со настанот кога на 10.04.2026 на локалниот пат …

Continue Reading

Уапсен маж од Кратовско: пукал кон возило на кумановец

Ноќеска во 02:20 часот полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода Н.П.(35) од село Трновац, кратовско, затоа што во село Трновац пукал со огнено оружје кон возилото на Ј.С. од Куманово. Н.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Двајца уапсени за семејно насилство во последното деноноќие, вкупно пријавени три настани

Вчера во 12:50 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, лишија од слобода 22-годишник со привремен престој во Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 22-годишна невенчана сопруга, при што употребил и дрвен предмет. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. …

Continue Reading

Уапсени четворица скопјани: кај нив пронајдена бела прашкаста материја и марихуана

Вчера во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.М.(23), Т.Б.(24), Д.М.А.(24) и Ф.Е.(27), сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Continue Reading

Шверцал мигранти, па со возилото излетал од патот Богданци – Гевгелија: уапсен 43-годишник

На 12.04.2026 полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода 43-годишниот И.Д. од Гевгелија поради основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 11.04.2026 во 21:20 часот, на регионалниот пат Богданци – Гевгелија, поточно на местото „Шарен мост“, патничко возило „фолксваген“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од И.Д. излетало надвор од патот. По несреќата, возачот побегнал од …

Continue Reading