Таксист од Скопје побарал мобилен телефон од 26-годишник па му го украл и телефонот и чантата
На 01.02.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(26) од Скопје пријави дека околу 03:00 часот на подрачјето на Центар, едно лице кое управувало такси возило му го побарало мобилниот телефон за да изврши разговор. Откако момчето му го дало телефонот, таксистот му ја одзел и чантата во која имало документи и други предмети и со возилото го напуштил местото. …
Continue Reading
Уапсен полицаец од Делчевско: возел без возачка дозвола, одземен е автомобилот
Денеска во 06:45 часот на булеварот „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода 23-годишниот С.Д. од село Тработивиште, делчевско. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно …
Continue Reading
Претрес во Куманово, пронајдена дрога: двајца уапсени
Вчера во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода 24-годишниот М.К. и 18-годишниот Ј.С., двајцата од Куманово. При претрес во домот кај М.К., извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По преземени дополнителни мерки било утврдено дека заеднички ја поседувале и препродавале дрогата. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно …
Continue Reading
Претреси во Битола, пронајдена дрога: уапсена 18-годишна девојка и 40-годишен маж
Ноќеска во 02:00 часот на улицата „Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишија од слобода 18-годишната М.Р. од Битола затоа што кај неа е пронајдена прашкаста материја. Подоцна, со наредба на Основен суд Битола, извршен е и претрес во нејзиниот дом, при што е пронајдена и одземена марихуана. Исто така ноќеска, во 01:05 часот на улицата „Илинденска” …
Continue Reading
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје. Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна …
Continue Reading
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена …
Continue Reading
10-годишно девојче тешко повредено од заталкан куршум во Глумово
Десетгодишно девојче од скопското село Глумово вчера било повредено од заталкан куршум. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што е пренесено, лекар констатирал тешки телесни повреди во пределот на ногата. За случајот, кој бил пријавен вчера околу 16 часот во СВР Скопје, денеска информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен. -На 31.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е …
Continue Reading
Охриѓанец приведен откако со дрвен предмет и нож нападнал сограѓанин
Полициски службеници од СВР Охрид синоќа, на 31 јануари 2026 година во 23:20 часот, го лишиле од слобода Г.А. (49) од Охрид, по пријава за насилен инцидент што се случил на улицата „Марко Нестороски“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничениот најпрвин со дрвен предмет го нападнал Р.С. (40) од Охрид, по што извадил нож и замавнал кон него. …
Continue Reading