Стани дел од ХалкЕЗ заедницата и стигни до EXIT 2024

1090x420 - exit - 1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска стартува наградната игра „Стани дел од ХалкЕЗ заедницата и стигни до EXIT 2024” во организација на Халкбанк АД Скопје, која ќе трае до 4 јули.







Во наградната игра право на учество имаат сите физички лица на возраст од 18 до 24 години кои ќе станат корисници на пакетот за млади Halk EZ (Halk Easy), а со тоа ќе имаат подигнато VisaPayWave дебитна платежна картичка која е во рамките на пакетот.  Право на учество имаат и постоечките корисници на студентскиот пакет на Халкбанк кои имаат активна Visa PayWave дебитна платежна картичка чиј пакет се преименува во пакет за млади.

Како потврда за учество во наградната игра ќе се смета пополнетата изјава за согласност за учество во наградната игра електронски пополнета на веб-страницата на банката. Во извлекувањето на 5 јули ќе бидат земени во предвид сите корисници на пакетот за млади,  на возраст од 18 до навршени 24 години, кои имаат активна дебитна платежна картичка  на денот на извлекувањето и кои дале согласност за учество во наградната игра.

Ќе бидат извлечени вкупно пет награди – ВИП пакети за EXIT искуство за двајца, со карти за EXIT, авионски превоз, хотелско сместување и VIP третман во рамки на фестивалот. Секој добитник на ВИП пакет со себе може да избере придружба од едно лице.

Пакетот за млади Halk EZ (Halk Easy) претставува посебен и иновативен банкарски пакет кој нуди голем број поволности и динамични содржини за сите корисници на возраст од 16 до 24 години. Пакетот нуди бесплатно мобилно и електронско банкарство, Visa PayWave дебитна платежна картичка без надоместок за годишна членарина, со која може да се повлекува  готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење на истата, и низа иновативни услуги како GarminPaySmartSend и SmartCash.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK