Предизвиците и решенијата на енергетските компании во време на енергетска транзиција

Picture 1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ЕВН Македонија и Електродистрибуција учествуваа на седмиот енергетски форум МЕФ.







Брз одговор на енергетската транзиција беше главната порака од сите учесници. Главните предизвици и натаму остануваат воспоставување енергетска стабилност, преоптовареноста на електроенергетската мрежа и нејзиното прилагодување на потребите на пазарот, бариерите во регулативата, еколошката одржливост, сајбер заштитата итн.

Сашо Салтировски од Електродистрибуција ги потенцираше постоечките предизвици и можни решенија на патот кон енергетската транзиција. „Еден терават  договори за приклучок на обновливи извори, повеќето за фотонапонски електрани, допринесоа до тесни грла и загушувања во дистрибутивната мрежа, особено во приклучните точки помеѓу Електродистрибуција и МЕПСО.  Секако, најлесна одлука е да се инвестира во изградба на нова или реконструкција на постоечката мрежа, но тоа е временски најдолго и најскапо решение кое може да ја доведе во прашање исплатливоста на инвестиците во обновливи извори на енергија. Според него фокусот треба да биде на исцрпување на можностите на постоечката мрежа преку инсталирање и управување на складишта на енергија, имплементација на паметни мрежи, децентрализација преку микромрежи. Тоа значи потикнување на градба на извори на енергија близу до потрошувачката, имплементација на интелегентни решенија за подобра прогноза на обновливите извори, искористување на можностите на електричните возила за складирање на енергија и давање на системски услуги итн.

Енергетската транзиција донесе и нови предизвици за државните и приватните работодавци кои сѐ повеќе имаат потреба од обучен кадар во рамки на иновациите и развојот во енергетиката.

Неопходно е брзо испорачување на кадри кои порано не ни постоеле. Затоа е потребна синергија помеѓу приватниот и образовниот сектор односно тоа што се нуди како кадар треба да ги пресретне потребите на индустријата. Според претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер, новото време дава и големи шанси за електро и машинските инженери, за ИТ кадрите кои се најсоодветно решение за новите смарт технологии, за економските кадри, но голема улога има и личниот капацитет и комуникациските вештини на секој поединец.

Македонскиот енергетски форум (МЕФ) се организираше од Делегацијата на Европската унија во државава и ЗИП Институтот, во партнерство со Фондации Отворено општество – Западен Балкан.

На настанот се обратија мандатарот за состав на нова влада Христијан Мицкоски, евроамбасадорот Дејвид Гир, Амабасадорката на САД во Македонија Ангела Агелер, извршниот директор на ЗИП институт Агим Селами и директорот на Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан Анди Добруши.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK