Силните налети на ветер што ја погодија Нова Градишка во текот на ноќта предизвикаа материјална штета на неколку локации во градот, бурата го достигна својот врв нешто пред два часот наутро, оставајќи зад себе паднати дрвја, скршени гранки и оштетени покриви.
Меѓу најпогодените локации беше областа околу Општата болница Нова Градишка, каде што ветерот го однесе покривот од мртовечницата. Штетата се случи за само неколку минути, за време на најсилниот налет на бурата, известија хрватските медиуми.
Последиците од бурата се видливи и во училниците каде што се наоѓаат работилниците на Индустриското и занаетчиско училиште Нова Градишка. Силните налети го оштетија покривот на зградата, а обемот на штетата ќе се утврди по детален преглед.
Освен болничкиот и училишниот комплекс, штети се евидентирани и на други згради и зелени површини во градот. Обемот на штетата сè уште не е познат, а повеќе информации се очекуваат откако надлежните служби ќе го завршат увидот на лице место и ќе ја проценат последицата, се додава во објавите на хрватските медиуми.