Нападнат кабинетот на Еди Рама, уапсен странски државјанин

edi-rama.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Пред канцеларијата на Еди Рама синоќа се одвивала вистинска драма кога маж на возраст од околу 40 години почнал да фрла со камења кон седиштето на шефот на албанската влада.

Обезбедувањето веднаш реагирало и го привело мажот, а според локалните медиуми, уапсен е 45-годишен странски државјанин. Тој наводно е државјанин на Велика Британија.

Уапсениот бил пијан, а сомнежите се дека имал психички проблеми.

Откако бил приведен, тој бил префрлен во болница.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил околу 22.40 часот.

Истрагата е во тек.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK