Мицотакис во првото пробно возење на метрото во Солун

micotakis
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Солун ќе го има не само најмодерното, туку и најубавото метро во Европа, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис откако беше дел од првото, пробно возење на солунското метро, јави дописничката на МИА од Атина.







Метрото во Солун се очекува да биде пуштено во употреба на почетокот од 2024 година, а според информациите од грчката Влада, главната линија што е во должина од 9,6 километри и има 13 станици се очекува да ја користат околу 250.000 патници дневно.

Мицотакис истакна дека метрото веќе почнува со пробната работа и лично тој имаше можност да ја помине целата главна линија, паралелно истакнувајќи дека Владата го исполни ветувањето.

-Се обврзав дека Солун ќе добие метро и истовремено ќе го истакне своето исклучително богато археолошко богатство, кое излезе на виделина со ископувањата при изградбата на овој важен инфраструктурен проект, истакна грчкиот премиер.

Процените се дека до јули 2024 година, метрото ќе се прошири до Каламариа, со пет нови станици и речиси 4,8 километри, а планирано е проширување и до северозападните делови на Солун.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK