Хоман: Нема членство во ЕУ без успешна реформа на правосудниот систем на Албанија

albanija-eu-znaminja
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На свеченоста по повод одбележувањето на 110-годишнината од формирањето на Врховниот суд на Албанија, амбасадорката на ЕУ во Тирана Кристијане Хоман јасно стави до знаење дека „нема да има членство во ЕУ доколку не се спроведе успешна реформа во правосудството”.







Хоман рече дека оваа реформа мора да „фати длабоки и силни корени и дека мора да издржи пред влијанија”.

-Нема членство во ЕУ без успешна реформа во правосудството. Тоа важи за членовите на Врховниот суд и за многумина од вас овде. Клучните институции на правдата се формирани и реформирани. Реформите пуштаат корени, но мора да фатат длабоки и силни корени и ќе мора да се соочаат со влијанија. Мора да се покаже интегритет, изјавила таа, јавија медиумите.

Задржувајќи се на ветингот во правосудството оцени дека „процесот на проверка продолжува градуално”.

– Откако ќе заврши овој процес, судството мора да го задржи здивот. Мора да се обезбеди одговорност во правосудниот систем. Судиите и обвинителите мора да ја исполнат својата должност. Задоцнетата правда ја поткопува довербата на граѓаните, рекла евромбасадорката.

Амбасадорката на САД во Тирана, Јуриј Ким, пак, од истата свеченост порача дека „темелот на реформите во правосудството е одвојување на судството од политичкото влијание”.

Американската дипломатка нагласи дека реформите во правосудството во Албанија даваат резултати и повика Врховниот суд што поскоро да се докомплетира со последните тројца членови.

Никој не е над законот, повтори Ким, додавајќи дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ја поддржуваат Албанија во реформите во правосудството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK