Уапсен таткото на масовниот убиец од Младеновац, претходно и дедото и вујкото, а на таткото на детето-убиец одреден 30-дневен притвор

policija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Србија продолжуваат апсењата на лица кои се поврзани и се сомничат дека се виновни за двете масовни убиства во Белград и околината на Младеновац, па така по апсењето на таткото на 13-годишниот масовен убиец Коста К, полицијата денеска го уапси таткото на 20-годишниот Урош.Б. поврзан со масовните убиства во околината на Младеновац, откако претходно беа уапсени неговиот вујко и дедо, јави дописникот на МИА од Белград.







Како што соопштија од МВР, уапсен е таткото на осомничениот за масовното убиство во околината на Младеновац, кој е осомничен за недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материјал.

-Со претрес на станот и други простории што ги користел пријавениот во околината на Младеновац, полицијата пронашла и одзела две воени дозволи за пушка карабин со оптика и револвер, пиштол со две рамки, две оптики за ловечка пушка, револвер, неколку стотици парчиња муниција од различен калибар, како и рачно изработен уред со можност за активирање.

Нему му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен до надлежното Вишо јавно обвинителство во Смедерево.

Судот претходно му изрече 30 дневен притвор на таткото на малолетното дете осомничено за убиство на осум ученици и чувар во ОУ Владислав Рибникар, кој на рочиштето негираше одговорност.

Тој се товари за предизвикување општа опасност со тешки последици, а му се заканува казна затвор до 12 години.

Обвинителството соопшти дека тој на распитот „го негирал сторено кривично дело“ и дека „детално ја изнесол својата одбрана“.

„Постои сомневање дека тој го обучувал синот К.К за ракување со огнено оружје и муниција така што го однел во стрелачки клуб да вежба гаѓање цели со огнено оружје и покрај тоа што детето има 13 години и што таквата активност и обука јасно дека не е погодна за негова возраст“, соопштија од обвинителството.

Од таму додаваат дека таткото „не обезбедил услови и за безбедно сместување и чување оружје и муниција за да не можат да дојдат во посед на неовластени лица, односно да се заклучени и одделно оддложени во сефови, каси или слични ормари кои не можат лесно да се отворат“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK