Туск предупреди: НАТО се урива, ова е катастрофа
Полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека најголемата закана за трансатлантската заедница не се надворешните непријатели, туку внатрешното распаѓање на сојузот. Туск ова го изјави во контекст на сѐ подлабокиот раскол во рамки на НАТО околу американско-израелската војна против Иран. „Најголемата закана за трансатлантската заедница не се нејзините надворешни непријатели, туку постепеното уривање на нашиот сојуз. Сите мора да направиме сѐ …
Continue Reading
Независниот синдикат на професионални војници: Министерство за одбрана си формираше „свој синдикат“
Независниот синдикат на професионални војници обвини дека во Министерството за одбрана е формиран нов синдикат кој, според нив, е под директно влијание на раководството на институцијата. Од синдикатот тврдат дека новоформираниот „Синдикат на вработените во одбраната и Армијата“ бил основан од лица на раководни функции во Министерството за одбрана, меѓу кои, како што наведуваат, има раководители на сектори, бригаден генерал, …
Continue Reading
Бран апсења за семејно насилство: Приведени пет лица во Куманово, Охрид, Струмица и Велес
Пет лица се приведени во одделни случаи на семејно насилство регистрирани во Куманово, Охрид, струмичко и Велес, информираат од МВР. Во Куманово, на 1 мај во 21:00 часот бил приведен М.С. (35), кој според пријавата физички ги нападнал својата 31-годишна сопруга и двете малолетни деца. Истиот ден во 23:40 часот бил приведен и М.Д. (57) од Куманово, осомничен дека физички …
Continue Reading
„Жешка“ роденденска честитка: Викторија го објави Бекам во црвен костим за капење
Дејвид Бекам го прослави својот 51. роденден, а неговата сопруга, Викторија, му честиташе со фотографија на која поранешниот фудбалер позира во црвен костим за капење. Покрај фотографијата, Викторија сподели и детска фотографија од Дејвид, како и нивни заеднички романтични моменти, порачувајќи дека тој е „нивниот свет и сè што имаат“. View this post on Instagram A post shared …
Continue Reading
Пожарот во Тоскана се смирува: Евакуираните се враќаат дома
Повеќето од над 3.500 лица евакуирани поради големиот пожар во италијанска Тоскана се вратиле во своите домови откако состојбата се смирила, соопштија локалните власти. Пожарникарите и натаму се борат со огнената стихија на планината Монте Фаети, меѓу Пиза и Лука, каде досега изгореле околу седум квадратни километри шума. Најпогодена е општината Сан Џулијано Терме, а според првичните информации, пожарот најверојатно …
Continue Reading
Драма на патот кај Велес: Пијан возач следел друг автомобил, удрил во возилото, па се заканувал
Полицијата приведе 37-годишен жител на Велес по инцидент на регионалниот пат Чашка–Велес, каде според пријавата агресивно се однесувал кон друг возач, го следел и му се заканувал со остар предмет. Од МВР информираат дека на 1 мај 2026 година во 17:00 часот бил лишен од слобода Т.Р. (37) од Велес. Според пријавеното, тој управувајќи автомобил „опел“ со кумановски регистарски ознаки, …
Continue Reading
Трамп: Запленуваме бродови и товар, ние сме како пирати
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека американската морнарица дејствува „како пирати“ додека ја спроведува поморската блокада на иранските пристаништа во американско-израелската војна против Иран. Трамп така ја опиша неодамнешната заплена на брод од страна на американските сили. „Го презедовме бродот, го презедовме товарот, ја презедовме нафтата. Тоа е многу профитабилна работа“, изјави Трамп. Speaking tonight at the Forum Club of …
Continue Reading
Иран: Американците треба да ја повикаат својата влада на одговорност за војната
Американците имаат „неоспорно право и свечена должност“ да побараат од администрацијата на Доналд Трамп да одговара за, како што го нарече Техеран, „избрана војна“ што САД и Израел ја започнале против Иран, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаеи. Багаеи конфликтот го опиша како „јасен и неиспровоциран чин на агресија“ и порача дека американската јавност треба да …
Continue Reading
Алиу: 4,56 милијарди денари за целосна трансформација на Клиничката болница во Тетово
Клиничката болница во Тетово ќе биде целосно реконструирана, модернизирана и функционално реорганизирана преку стратешки проект вреден 4,56 милијарди денари, односно околу 74 милиони евра, вели министерот за здравство, Азир Алиу во објава на социјалната мрежа Фејсбук. Според министерот Алиу, станува збор за проект кој треба трајно да го промени начинот на обезбедување здравствени услуги во Полошкиот регион. Министерот Алиу посочува …
Continue Reading