Бројот на заразени со ебола во Конго надмина 7.000, вирусот се прошири во нова покраина

Бројот на потврдени случаи на зараза со ебола во Демократска Република Конго надмина 7.000, при што вирусот се прошири во уште една покраина, покажаа најновите податоци на владата. Епидемијата што ја предизвика видот на вирусот Бундибугио стана најголема и најсмртоносна во историјата на земјата, надминувајќи ја епидемијата од периодот 2018-2020 година. Од актуелната, полоша беше единствено епидемијата во Западна Африка …

Continue Reading

Бројот на загинати во пожарот на филипинскиот траект се зголеми на 76

Смртниот биланс се искачи на најмалку 76 лица откако уште неколку јагленосани тела беа извлечени денеска од патничкиот траект „Ем-Ви Џун Астер“ што се запали во западниот дел на Филипините, додека до 13 лица сè уште се водат како исчезнати, соопшти филипинската крајбрежна стража, пренесе ДПА. „Оваа бројка сè уште може да се промени бидејќи продолжуваат операциите за извлекување и …

Continue Reading

Пожарот на Брач сè уште не е ставен под контрола, огнот се шири кон Милна

Пожарот на хрватскиот остров Брач и натаму е активен и не е ставен под контрола, а според првичните проценки досега се опожарени околу 1.500 хектари трева, ниска вегетација, макија и шума, соопштија денеска хрватските противпожарни служби. Во текот на изминатата ноќ биле загрозени неколку објекти, кои пожарникарите успешно ги одбраниле, а во моментот тие се ангажирани и на заштита на …

Continue Reading

Трамп: Иран веројатно е одговорен за нападот врз саудискиот нафтовод

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран веројатно е одговорен за воздушниот напад врз Саудиска Арабија, поради кој беше затворен нафтоводот Исток-Запад, една од главните рути на кралството за извоз на сурова нафта што овозможува заобиколување на Ормуската Теснина. – Мислам дека се тие, веројатно се тие – им рече Трамп на новинарите во Даблин, одговарајќи на прашањето дали …

Continue Reading

Спринтот во Мизано за Марк Маркез

Бранителот на титулата во кралската класа, возачот на Дукати, Марк Маркез победи во спринт трката, возена на патеката „Марко Симончели“ во Мизано. Постариот Маркез победи пред возачите на Априлија, домашниот фаворит, Марко Бецеки и шампионот од пред две години, Хорхе Мартин. Марк Маркез оставри рутинска победа на легендарната патека. Веднаш ја презеде лидерската позиција од носителот на пол-позицијата, Бецеки, се …

Continue Reading

Зеленски подготвен за средба со Путин: „Мора да се сретнеме и да разговараме“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г20 во Мајами, доколку двајцата бидат поканети на собирот во декември. Во интервју за „Дојче веле“, Зеленски беше прашан дали би се сретнал со Путин доколку и двајцата лидери добијат покана за самитот. Тој одговори потврдно. „Да, секако. Мора да дојдеме. …

Continue Reading

Во изминатото деноноќие лишени од слобода девет лица за „безобѕирно управување со возило“

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода девет возачи поради „безобѕирно управување со возило“. -Четворица од возачите управувале возило под дејство на алкохол, и тоа од Куманово, Скопје и Делчево. Кај еден од нив, кој управувал мотоцикл, биле измерени 2,37 промили алкохол во крвта. Четворица возачи управувале возило без положен возачки испит, …

Continue Reading

Гостиварец приведен во полиција, ја нападнал сопругата и ѝ го скршил телефонот

68-годишен гостиварец е приведен откако неговата 65-годишна сопруга пријавила дека ја нападнал во нивниот семеен дом, а потоа ѝ го оштетил и мобилниот телефон. Според пријавата, инцидентот се случил вчера околу 15 часот, по што жената се упатила во полициската станица за да го пријави сопругот. Во моментот кога таа пристигнала во полицијата, тој наводно продолжил со заканите кон неа. …

Continue Reading

Малолетна девојка од струмичко пријавила сексуална злоупотреба

Случај на сексуална злоупотреба на малолетно девојче е пријавен во полицијата во Струмица. Случајот го пријавила нејзината 40-годишна мајка, која посочила дека девојчето било сексуално злоупотребено од лице кое го познава семејството. Според пријавата, настанот бил пријавен во СВР Струмица во текот на ноќта, а полицијата веќе презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности. Од МВР …

Continue Reading