Најдобрата пица во светот не е од Италија – почнал со трицикл, денес е светски број еден

Пицеријата „Napoli on the Road“ од Лондон, основана од готвачот Микеле Паскарела, го освои првото место на изборот „50 Top Pizza World Awards 2026“, оставајќи зад себе стотици конкуренти од целиот свет. Победникот беше прогласен во Неапол, родниот град на пицата. Паскарела го започнал бизнисот во 2016 година со трицикл „Piaggio Ape“, во кој поставил печка на дрва и продавал …

Continue Reading

Хаг ќе одлучува за репарации за жртвите во предметот против поранешните лидери на ОВК

Судот во Хаг денеска соопшти дека ќе отвои постапка за надомест на штета на оштетените во предметот против поранешните лидери на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, кои беа осудени на повеќегодишни затворски казни за воени злосторства. Судскиот совет II одлучи да спроведе постапка за репарации, наместо жртвите да ги упати на парнична постапка во Косово, …

Continue Reading

Полска повторно затвори два аеродрома поради руските напади врз Украина

Полска денеска по вторпат привремено го прекина сообраќајот на аеродромите во Лублин и Жешов поради активности на воената авијација, додека Русија изведува нови воздушни напади врз Украина. Полските вооружени сили соопштија дека противвоздушната одбрана е активирана поради руските напади врз цели во централна Украина, нагласувајќи дека станува збор за превентивни мерки за заштита на полскиот воздушен простор. Истите два аеродрома …

Continue Reading

(Видео) Уапсен сериски убиец во Бразил, се маскирал во жена за да избега

Полицијата во североисточниот дел на Бразил уапси 33-годишен маж осомничен за најмалку 16 убиства извршени во последните три месеци. Жорлан Лопес да Силва бил фатен во градот Мулунгу, маскиран како жена и со двегодишно дете во рацете, кое не е негово. Според бразилските медиуми, тој се обидел да ја измами полицијата носејќи фустан, перика, женски сандали и очила за сонце, …

Continue Reading

Која е вашата најголема слабост според хороскопскиот знак

Секој хороскопски знак има свои силни страни, но според астрологијата и по некоја слабост која може да му го отежне животот. Овен – нетрпеливост Овните сакаат брзо да дејствуваат, па понекогаш носат одлуки пред добро да размислат. Бик – тврдоглавост Биковите сакаат стабилност и тешко прифаќаат промени, особено кога веќе донеле одлука. Близнаци – неодлучност Поради многуте интереси и можности …

Continue Reading

Трамп ѝ се закани на ЕУ со високи царини поради Канада

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со високи царини за Европската Унија доколку Канада стане нејзина прва „придружена членка“, оценувајќи дека таквиот потег би можел да претставува „непријателски чин“ кон САД. Трамп ја нарече идејата „смешна“ и рече дека, доколку процени оти потегот е насочен против САД, би можел да воведе многу високи царини или да ја прекине трговијата со …

Continue Reading

(Видео) Затворен германскиот конзулат во Санкт Петербург

Генералниот конзулат на Германија во Санкт Петербург е затворен врз основа на одлука на руското Министерство за надворешни работи, како одговор на, како што наведува Москва, непријателските чекори на Берлин. Од зградата се отстранети германското знаме, знамето на Европската Унија и таблата на конзулатот. 🚨 🇩🇪 BREAKING: Germany closes its Consulate General in St. Petersburg — flags removed from the …

Continue Reading

Утре сончево време со температура до 32 степени, в недела и понеделник ќе има повремени врнежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а …

Continue Reading

Земјотрес со магнитуда од 6,3 степени регистриран на Алјаска

Земјотрес со магнитуда од 6,3 степени е регистриран на Алјаска, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS). Потресот е регистриран во близина на местото Николски, пренесува Ројтерс. Според податоците на USGS, земјотресот бил на длабочина од 83 километри. Засега нема извештаи за причинета материјална штета, ниту е издадено предупредување за цунами.

Continue Reading