Милановиќ: ЕУ изгуби врска со демократијата
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денес изјави дека меѓународниот поредок престанал да постои и дека ЕУ не е демократска. „Меѓународниот поредок престана да постои. Секоја санкција – билатерална санкција – од кој било, без верификација од ОН, е нелегална“, рече Милановиќ во Загреб на конференцијата „Ден на големи планови“. Тој изјави дека ОН и меѓународниот систем на колективна безбедност се потсмеваат …
Continue Reading
Шасивари: Кривичниот законик до почетокот на октомври оди на мислење, за Изборниот ќе има средби со партиите
Министерот за правда Јетон Шасивари денеска изјави дека се работи на подготовка на Кривичниот законик и дека се очекува до првата недела од октомври тој да биде испратен на мислење. „Сме во подготовка на Кривичниот законик. Работната група се сретна вчера и очекуваме до првата недела од октомври да го испратиме за мислење“, рече Шасивари одговарајќи на новинарско прашање. Тој …
Continue Reading
Тошковски: Катастрофални злоупотреби на боледувањата, не може секој да оди на боледување кога ќе му текне
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека во земјава со години постојат големи злоупотреби на боледувањата и дека е потребен подобар институционален одговор и засилена контрола. Според него, злоупотреби има од страна на дел од вработените во државниот апарат, граѓани и медицински работници, и во јавните и во приватните здравствени установи. „Сите знаеме дека во изминативе повеќе години …
Continue Reading
Приведени пет лица во Скопје за предизвикување пожар
Вчера во 13:15 часот во близина на Соборен храм „Свети Климент Охридски“ на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.П.(63) од Битола. Тој бил забележан како во 13:00 часот на ул.„Максим Горки“ подметнува пожар на подземни контејнери. Набргу, по преземени мерки, тој е пронајден и лишен од слобода. Пожарот го изгаснала екипа …
Continue Reading
Шасивари: Европскиот пат не завршува со усогласување на законите, клучна е нивната имплементација
Министерот за правда Јетон Шасивари, обраќајќи се на форумот „Придонесот на структурираниот дијалог кон евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија: од „темелите“ и пошироко“, истакна дека европската интеграција на земјата мора да се гледа како суштинска трансформација на институциите и јавните услуги, а не само како процес на усогласување на законодавството. „Европската интеграција не е само усогласување на законодавството. Таа …
Continue Reading
Општина Кисела Вода: Со средбата во „11 Октомври-Згради“ започна новиот циклус посети на месните заедници
Со средбата што се одржа вчера вечер, во просториите на урбаната заедница „11 Октомври-Згради“, официјално започна циклусот посети на месните и урбаните заедници во Општина Кисела Вода, од страна на градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и општинскиот тим. На овој прв собир, во конструктивна и отворена атмосфера, жителите имаа можност директно да разговараат со градоначалничката и со раководителите и претставниците на …
Continue Reading
Димитриевски во Валенсија официјално доби нов тренер
Валенсија официјално потврди дека нов тренер е Мексиканецот, Хавиер Агире. Агире потпиша договор до крајот на сезоната, и го презема клубот во многу деликатен момент. Валенсија лошо влезе во новата сезона, се наоѓа на претпоследното место, освои само четири бода во првите седум кола. Пред Мексиканецот е исклучително тешка задача да избори опстанок во Ла Лига. Тренер на Валенсија беше …
Continue Reading
(Видео) Манасиевски: Љупчо Николовски избега од соочување, очекувам одговори на поставените прашања
Денеска имавме еден граѓански судски процес, во кој поранешниот министер за земјоделие, шумарство и водостопанство, воедно и поранешен вицепремиер за борба против корупција на Владата на Зоран Заев и поранешен генерален секретар на СДС, Љупчо Николовски, упати барање за извинување кон мене како граѓанин на државата, затоа што моите изјави му донеле душевна болка, а во барањето вели дека изјавите …
Continue Reading
Тони Михајловски e годинешниот лауреат на меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“
Крива Паланка повторно ќе живее во знакот на театарот. Годинешниот фестивалски аплауз е посветен на Тони Михајловски, едно од највпечатливите имиња на македонската театарска, филмска и телевизиска сцена, соопштија од општината. Со повеќе од три децении богато творештво, бројни незаборавни улоги и автентичен актерски печат, Тони Михајловски, според наведеното, е избран за годинешен лауреат на 18. Меѓународен театарски фестивал „Св. …
Continue Reading