Шасивари: Кривичниот законик до почетокот на октомври оди на мислење, за Изборниот ќе има средби со партиите


shasivari-23.10.26.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска изјави дека се работи на подготовка на Кривичниот законик и дека се очекува до првата недела од октомври тој да биде испратен на мислење.


„Сме во подготовка на Кривичниот законик. Работната група се сретна вчера и очекуваме до првата недела од октомври да го испратиме за мислење“, рече Шасивари одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека потоа законот институционално ќе биде доставен во понатамошните чекори за негово усвојување.

Во однос на Изборниот законик, Шасивари најави средби со претставници на политичките партии, парламентарните групи, пратениците и другите чинители вклучени во процесот.

„Изборниот законик се носи консензуално и мора да се воспостави дијалог и партнерство со сите претставници на политичките партии и актери што се значајни во тој процес“, рече министерот.

Тој најави дека во периодот што следи ќе одржи средби со релевантните политички и парламентарни претставници со цел да се заокружи процесот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK