Кремљ: Се разговара за трилатерална средба за Украина, но рано е за детали

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека засега нема конкретни детали за организирање трилатерална средба за Украина, на која би учествувале Русија, САД и Украина. Песков рече дека разговори за таква средба се водат, но дека е прерано да се зборува за конкретни резултати. Тој додаде дека специјалниот претставник на рускиот претседател, Кирил Дмитриев, ги продолжува контактите со американските преговарачи, …

Continue Reading

14-годишник нападнат со нож од негов соученик во тоалетот од училиштето

Во СВР Скопје вчера во 13:00 часот Ф.А.(43) од Скопје пријавил дека околу 09:00 часот во тоалет во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 14-годишен син со остар предмет бил нападнат од негов соученик. При нападот му била нанесена расекотина во пределот на раката. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Со гранка од топола усмртен 77-годишен радовишанец

Вчера во 12:30 часот во село Ораовица, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Т.Б.(73) од Радовиш. Според пријавеното, тој околу 10:30 часот на нива во атар на село Ораовица со моторна пила сечел топола, а откако паднала, гранка од неа го погодила Н.Т.(77) од Радовиш, кој заедно со Т.Б. отишол на нивата. Од здобиените повреди …

Continue Reading

Зеленски: Трамп одлучи да ѝ даде на Украина лиценци за производство на ракети „Патриот“

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп одлучил на Украина да ѝ додели лиценци за производство на ракети за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“. Зеленски рече дека Трамп лично му го потврдил тоа за време на нивната средба во Њујорк. „Постојат конкретни договори. На нашата последна средба претседателот Трамп ми потврди: ‘Да, донесов конечна одлука. Украина ќе добие …

Continue Reading

Oрганизирале борба со кучиња: кривична за три лица од Тетовско и Кумановско

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Р.(35) с.Камењане, Општина Боговиње, А.М.(28) од с.Челопек, Општина Брвеница и С.А.(41) од с.Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „убивање и мачење животни“. Имено според полицијата, на 23.03.2026 во објект на поранешен угостителски објект во с.Черкези, пријавените организирале и овозможиле борба со кучиња.

Continue Reading

„Безбеден град“ во Охридскиот регион стартува од 12 октомври, најава Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, каде со раководствата разговараше за актуелната безбедносна состојба, тековните активности и приоритетите во работењето. Во СВР Охрид, посебен акцент беше ставен на завршните подготовки на командниот центар, неопходен за практична примена на системот „Безбеден град“ на подрачјето на Секторот. На …

Continue Reading

Од Бруно Фернандеш до Витиња: Како една оценка ги поврза сите врвни лиги во Европа

Sofascore ја заокружи најуспешната сезона досега за наградата Играч на сезоната со ексклузивна премиера на церемонијата на доделување награди. Оваа сезона, најголемите фудбалски имиња, вкупно повеќе од 30 играчи, позираа со трофејот, а за прв пат, победниците од сите пет големи европски лиги беа на таа листа. За разлика од повеќето индивидуални признанија во фудбалот, наградата „Софаскор Играч на сезоната“ …

Continue Reading

(Видео) Филипче пред француските сенатори: Времето поминува, европската иднина е доведена во прашање

На денешната средба со делегацијата од Сенатот на Француската Република, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изрази сериозна загриженост за евроинтегративниот пат на Македонија и за начинот на кој Владата го води процесот. Филипче посочи дека лошите политики на Владата во повеќе клучни области веќе се нотирани и во извештаите на Европската комисија, особено во делот на владеењето на правото, правосудството …

Continue Reading

ДОМ: Струмичката Котлина не смее да се претвори во рударска зона

Населението што живее во Струмичката Котлина мора да има суштински глас во одлуките за иднината на својот простор. Не може развојот на еден од најзначајните земјоделски региони во државата да се планира без сериозно да се земат предвид интересите на локалното население, земјоделството, водите и животната средина, смета партијата ДОМ. „Во Нацрт-просторниот план до 2040 година повторно ги гледаме Иловица-Штука …

Continue Reading