13-годишник нападнат од родител на негов соученик во Аеродром
Тринаесетгодишно момче завршило во болница со повреди, откако било физички нападнато од родител на негов соученик во скопската општина Аеродром. Случајот во полиција бил пријавен вчера во 15:38 часот од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде што момчето било донесено со повреди. Според пријавеното, инцидентот се случил околу 12:20 часот на подрачјето на општина Аеродром. Тринаесетгодишникот, како што соопштуваат …
Continue Reading
Џорџ Расел ја освои Големата награда на Азербејџан
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел победи на трката за Големата награда на Азербејџан. Британецот триумфално го заврши викендот во Баку, во кој доминираше од првиот тренинг. Расел ја забележа осмата победа во кариерата, а прв пат во кариерата до неа дојде таканаречениот Гренд слем, стартуваше од пол-позицијата, водеше од првиот до последниот круг и го возеше најбрзиот круг во трката. …
Continue Reading
(Видео) Две лица загинаа, четворица се исчезнати во експлозијата што урна зграда во центарот на Атина
Две лица загинаа, а четири се водат како исчезнати по силната експлозија што урна станбена зграда во историскиот кварт Плака во центарот на Атина, во близина на Акропол, соопшти грчката противпожарна служба. Спасувачките екипи во текот на ноќта и утрово трагаа по исчезнатите лица во урнатините. Во акцијата се користат багери, специјална опрема за пребарување и термовизиски камери. Експлозијата се …
Continue Reading
(Видео) Филипче од Свети Николе: Криминалната власт ги остави граѓаните без помош, а земјоделците ги извиси
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во Свети Николе се сретна со граѓани и земјоделци, со кои разговарал за проблемите со кои се соочуваат, при што упати критики до Владата за, како што оцени, недоволната поддршка во услови на економска криза. Филипче рече дека граѓаните се соочуваат со високи трошоци, особено за гориво. Според него, нема доволно помош за пензионерите …
Continue Reading
(Видео) Илјадници протестираа во Мадрид против политиката на Владата кон мигрантите во Сеута
Илјадници луѓе со шпански знамиња денеска се собраа во центарот на Мадрид на протест против начинот на кој левичарската Влада на премиерот Педро Санчез се справува со ситуацијата во шпанската енклава Сеута во Северна Африка. Демонстрантите, собрани на иницијатива на конзервативната платформа „Sociedad Civil Española“ под мотото „За достоинството и одбраната на Шпанија“, побараа оставка од Санчез и распишување предвремени …
Continue Reading
Николоски: Започнати се постапките за изградба на експресен пат од Радовиш преку Струмица и Ново Село до границата со Бугарија
Распишана е постапка за избор на проектантска куќа која ќе ја изработува целокупната документација за изградба на експресен пат од Радовиш, преку Струмица, до Ново Село и границата со Бугарија, најави денеска во Радовиш заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Николоски информираше дека постапката опфаќа изработка на предпроектна документација, еколошки и социјални студии, како и физибилити студија. …
Continue Reading
Хоџа: Новиот систем за рано откривање на пожари на депониите ќе го спречи нивното проширување
Министерoт за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али и Владимир Буревски во име на компанијата Moдирум Платформс од Скопје потпишаа Меморандум за соработка за унапредување на раното откривање пожари и заштитата на животната средина. Со потпишаниот меморандум се воспоставува рамка за реализација на пилот-систем за видео мониторинг на депонии преку …
Continue Reading
Обвинителството бара притвор за инспекторка во Агенцијата за храна која побарала и примила поткуп од 250 евра
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 42-годишна вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство, осомничена дека како инспекторка за храна побарала и примила поткуп од управител на правно лице. Според Обвинителството, осомничената во периодот од 17 до 25 септември, во својство на службено лице, побарала и примила 250 евра за да изготви записник во кој ќе констатира дека …
Continue Reading
Николоски: Преку 250 милиони денари инвестираме во Радовиш во подбрување на инфраструктурата, поддршката за општините продолжува
Преку 250 милиони денари инвестираме во Радовиш за подобрување на инфраструктурата и развој на општината. Отворени сме за соработка, доколку општината има готови проекти ние сме подготвени да ја поддржиме, истакна денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Алксандар Николоски, при посетата на општина Радовиш. „Само во еден инвестициски циклус, само преку Министерството за транспорт, во различни проекти инвестираме …
Continue Reading