19-годишник и се заканувал на девојка од Кочани дека ќе објави интимни снимки
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против А.М.(19) од Кочани. Тој се сомничи за сторени кривични дела „полово вознемирување“ и „злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудиозапис или спис со сексуално експлицитна содржина“. Во периодот од 30.07.2026 до 07.08.2026, пријавениот преку мобилни апликации и уреди, направил експлицитни видеа и фотографии од 18-годишна девојка од виничко без нејзина согласност …
Continue Reading
Четири годишно девојче паднало од скалите на семејната куќа: со тешки повреди пренесено на Клиника
Синоќа во 21:55 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено четиригодишно девојче од с.Средно Коњари, скопско. Според пријавеното, девојчето се здобило со повредите пред два дена при пад од скали во семејната куќа. Надлежните известија дека полициски службеници од СВР Скопје излегле на терен и се работи …
Continue Reading
Почина 67-годишен скопјанец: го прегазил тракторот откако се придвижил на бензинска пумпа
Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бензинска пумпа на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, 67-годишниот Р.К. од населба Сингелиќ, скопско, откако наполнил гориво и го паркирал тракторот „имт“ со прикачена работна машина со скопски регистарски ознаки, застанал до тракторот кој во еден момент сам се придвижил и со задното трклало го прегазил. Притоа, Р.К. се …
Continue Reading
Калас ја предупреди Европа да не паѓа во „руски стапици“
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес предупреди дека Европа не треба да „падне во стапиците што Русија ѝ ги подготвува“ за време на мировните преговори за Украина. Според неа, ова би ѝ овозможило на Москва да „одвлече внимание“ од своите постапки и на крајот да ја остави Европа „во полоша позиција“, објавува британски …
Continue Reading
(Фото) Отворена нова детска градинка во Инџиково
Пуштена е во употреба новата детска градинка во Инџиково, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Со особена гордост ја отворивме новата детска градинка во Инџиково, современ објект со површина од 490 квадратни метри и капацитет за згрижување на 50 дечиња. Инвестиција вредна 47,5 милиони денари, обезбедени од првиот јавен повик на Владата за финансирање на инфраструктурни објекти, со …
Continue Reading
Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, уапсени две лица поради сомнение за незаконит лов
На 12.11.2026 во 19:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода М.М.(66) и Т.М.(76), двајцата од село Бистренци, демиркаписко. Претходно, од ловечко друштво „Вардар“ Неготино било пријавено дека на 10.11.2026 на простор на ловиште Корешница во село Бистренци биле забележани две лица кои поставиле недозволени предмети за лов на диви животни и ловеле во време на забранет …
Continue Reading
Јаневска во посета на Јапонија: отворање нови можности за продлабочување на соработката во образованието и науката
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, престојува во посета на Јапонија, каде што оствари повеќе средби со високи претставници на образовни, научни и државни институции, со цел унапредување на билатералната соработка и отворање нови можности за партнерство во областа на образованието и науката. На средбата со јапонскиот министер за образование, култура, спорт, наука и технологија, Јошихиро Секи, се разговараше …
Continue Reading
ЛДП: Капитулираат пред жртвите и 17.500 потписи на гневни граѓани, но победата не е извојувана од Владата на „машкиот надзор“
Овозможија дузина загубени животи на наши сограѓанки и голем број на човечки трагедии. Свесно и искалкулирано одлучија да ги отфрлат предлозите од април 2025 и март 2026 година за електронски нараквици за насилниците, предложени од ЛДП преку лидерката Моника Зајкова. Сега Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера призна јавно дека електронски нараквици за насилниците и сторителите на семејно насилство …
Continue Reading
Манасиевски: Фактите докажуваат дека немало забрана за „Алта банка“ за работење во ЕУ, а „Рајфајзен“ имала договор со групацијата на Мацура, СДС повторно фатени во лага
Според Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, „Алта банка“ немала никаква забрана за работа во ЕУ при нејзиниот влез во Македонија. Според него, информацијата која ја лиферуваа Филипче и СДС во јавноста, дека „Алта банка“ имала забрана за работа во ЕУ, е голема невистина. „Што е тука вистината? Во „Адико банка“, „Алта банка“ поседува 9,63% од акциите, додека „Дипломат пеј“ купува …
Continue Reading