Синоќа во 21:55 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено четиригодишно девојче од с.Средно Коњари, скопско.
Според пријавеното, девојчето се здобило со повредите пред два дена при пад од скали во семејната куќа.
Надлежните известија дека полициски службеници од СВР Скопје излегле на терен и се работи на расчистување на случајот.