Герасимовски: Санирано и реновирано платото во училиштето „Гоце Делчев“, решен долгогодишниот проблем со протекувањето

Општина Центар го санираше и реновираше платото над спортската сала во ООУ „Гоце Делчев“. Платото веќе подолго време протекуваше, а водата навлегуваше во салата и во ходниците на училиштето, информираат од таму. Според соопштеното, платото е целосно обновено во рамки на градежно-санациските работи. Отстранети се сите постојни слоеви до конструкцијата, а поставени се нова хидро и термоизолација, нова кошулка и …

Continue Reading

Медиуми: Голем конфликт околу парите во ЕУ, шест земји се закануваат дека ќе го блокираат буџетот

Германија, Холандија, Шведска, Данска, Австрија и Финска се заканија дека ќе го блокираат нацртот на новиот седумгодишен буџет на ЕУ за периодот 2028-2034 година, доколку расходите не се намалат за „стотици милијарди“ евра, објави Фајненшл тајмс (FT), повикувајќи се на писмото од лидерите на тие земји. Според предлогот на Европската комисија, буџетот би можел да изнесува речиси две милијарди евра, …

Continue Reading

„Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот Заев“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Го разбираме стравот на Венко Филипче дека постои опасност да биде променет во неговата партија. Тоа е страв кој е последица на фрагментираноста на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Не можејќи да се соочи со сопствените грешки и пропусти, тој за обидите за негова смена ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ нема никаква врска со фракциите кои бараат смена на Венко Филипче. Напротив, …

Continue Reading

Фудбалска треска во Грција, 100 илјади луѓе бараат билет за дуелот со Холандија

Грчката репрезентација влезе во новото издание на Лигата на нации со две победи на гости. Прво, ја победија Србија со 2:1 во Белград, а потоа и Германија со 1:0 во Аугсбург. Ваквиот почеток предизвика голем оптимизам во Грција, а некои медиуми веќе прават паралела со периодот што му претходеше на освојувањето на Европското првенство во 2004 година. Дополнително внимание привлече …

Continue Reading

Пет домашни институции алармираа за дискриминаторскиот третман кон Левица, но Уставниот суд избра да го слушне само алармот на ДПМНЕ и СДСМ за да им ги покачат платите, велат од оваа партија

На последните локални избори Левица беше ставена во карантин. Партија со пратеничка група во Собранието, со советнички листи низ државата и со кандидат кој стигна до втор круг за градоначалник на Скопје, остана без ниту една реклама. Во вториот круг за Скопје, Амар Мециновиќ беше целосно оневозможен да се рекламира во медиумскиот простор, додека неговиот противкандидат од ДПМНЕ ги удави …

Continue Reading

Трио „Анимато“ синоќа ја воодушеви белградската публика

Во преполната „Артгет“ сала на Кнез Михајлова улица бр.6, синоќа во срцето на Белград, триото „Анимато“ одржа концерт кој публиката долго ќе го памети. Внимателно одбраната програма за две флејти и пијано, предизвика исклучителен интерес, долги аплаузи и бис, од публиката, во која имаше претставници од дипломатскиот кор, од академската и музичката заедница, од македонската заедница во Србија, но и …

Continue Reading

Тајван очекува американско оружје. САД: Нашата политика не е променета

Тајван и САД продолжуваат со разговорите за набавка на оружје, соопшти денеска тајванското Министерство за национална одбрана. Оттаму додадоа дека, по средбата меѓу американскиот и кинескиот претседател, Тајпеј добил порака од Вашингтон во која се наведува дека американската политика кон Тајван не е променета. САД се најважниот меѓународен поддржувач на Тајван и негов најголем снабдувач со оружје, иако двете земји …

Continue Reading

(Фото/Видео) Актерката едвај успеа да не покаже премногу

Церемонијата на MTV VMA беше спој на кич и гламур, при што актерката Тејана Тејлор и нејзината впечатлива комбинација привлекоа големо внимание. Позната по своите атрактивни и донекаде провокативни модни изданија, Тејана Тејлор не се двоумеше да покаже уште еден смел изглед за оваа пригода. За овогодишното доделување на наградите MTV VMA, таа избра црн фустан што многу откриваше. Оваа …

Continue Reading

(Видео) Погледнете како Калафиори израдува млад турски навивач

Иако не играше за Италија на натпреварот против Турција, дефанзивецот на Арсенал, Рикардо Калафиори (24), ја направи вечерта незаборавна за едно локално момче. Италија постигна убедлива победа (4:1) во Бурса во натпреварот од 2. коло од Лигата на нации. Головите на Алесандро Бастони, Давиде Фратези, Микаел Кајоде и Франческо Пио Еспозито им ја обезбедија победата за „аѕурите“. Интересно е и …

Continue Reading