(Видео) 12 загинати и 46 повредени во тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Тракија“: хаос во сообраќајот од невидени размери во Бугарија
Дванаесет лица загинаа во тешка верижна сообраќајна несреќа на автопатот „Тракија“ – 10 лица загинаа на самото место, а две во болница, соопшти министерката за здравство, Катја Ивкова, од Сливен. Според неа, една од жртвите починала во медицинска установа во Јамбол, а другата во Сливен. Во тешките верижни судири што се случија утрово, околу 07:00 часот, на бугарскиот автопат „Тракија“ …
Continue Reading
(Видео) Објавена снимка од апсењето на братот на Орбан: полицијата му стави лисици
Унгарските медиуми објавија фотографии од Арон Орбан, помладиот брат на поранешниот премиер Виктор Орбан, по големата полициска операција во која беа приведени четири лица под сомнение за шверц на луѓе. Братот на Орбан беше фотографиран во полициско возило пред притворската единица во Будимпешта, додека полицијата објави снимка од апсењето на осомничените, според написите на медиумите во регионот. Фоторепортер на унгарскиот …
Continue Reading
Инзаги реши да го напушти Ал Хилал
Италијанскиот тренер Симоне Инзаги одлучи да го напушти Ал Хилал на крајот од тековната сезона. Италијански извори тврдат дека Инзаги нема намера да остане во Саудиска Арабија, каде за две години ќе заработи над 50.000.000 евра. Платата на Инзаги е дури 26.000.000 евра годишно, и иако Ал Хилал сакаше да го задржи, Инзаги одби да потпише нов договор. Неговата следна …
Continue Reading
Божиновска–BAE Systems: Потврдено партнерството за сајбер-безбедност во енергетскиот сектор
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше на работниот состанок организиран во рамките на програмата Falcon, во соработка со глобалната компанија BAE Systems и со поддршка од Амбасадата на САД. На состанокот беа презентирани резултатите од спроведената проценка и теренските анализи на ИТ-системите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Експертите од BAE Systems го оценија …
Continue Reading
Кој ќе го наследи Нојер? Баерн изненади со изборот
Легендарниот голман на Баерн, Мануел Нојер (40), според тврдењето на „Скај Спорт Германија“, треба да ја заврши својата играчка кариера на крајот од тековната сезона. Според истиот извор, Баерн веќе подготвува промени во хиерархијата на голманите. Јонас Урбиг ќе ја преземе улогата на прв голман од следната сезона, додека клубот бара искусен голман кој би бил негова замена, но и …
Continue Reading
Заврши 26. Скопје Филм Фестивал
Под динамично ново раководство, Фестивалски совет и тим од домашни и меѓународни професионалци, возобновениот Скопје Филм Фестивал ги додели своите награди. Спојувајќи ја својата воспоставена регионална традиција со свежа креативна енергија, СФФ ја потврди својата позиција како клучна културна платформа за независен филм и меѓународна размена. Фестивалот има стратешка улога во обликувањето на регионалната филмска индустрија и во унапредувањето на …
Continue Reading
Додека инфлацијата во еврозоната достигна 4%, во Македонија изнесува 3,3%, СДС повторно шири паника, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС продолжува со својата добро позната политика на црни сценарија, политички манипулации и обиди за ширење паника кај граѓаните. Колку тоа и да не и се допаѓа на СДС, Македонија бележи највисок економски раст во регионот, меѓународните извештаи ги потврдуваат позитивните економски движења. Македонија е една од земјите со најниските стапки на инфлација во Европа каде достигна 4,0 % на …
Continue Reading
Левица: По скратена постапка ДПМНЕ повторно брише кривична одговорност – новиот Кривичен законик со години го најавуваат, а стариот го раскројуваат
„По хаваријата предизвикана со измените на Кривичниот законик од 2023 година на СДСМ со кворумска поддршка од ДПМНЕ и тенденциозното, несецлосно прекројување во јануари годинава, парламентарното мнозинство предводено од ДПМНЕ повторно посегнува по кривичното законодавство, и тоа по скратена постапка! Наместо целосно нов Кривичен законик, добиваме уште една законодавна крпеница во која се менуваат самите граници на кривичната одговорност“, …
Continue Reading
Два патнички авиона за малку ќе се судреа над Лос Анџелес: виновни се пилотите на „Ер Франс“
Американските воздухопловни власти истражуваат инцидент што се случи минатиот викенд над Лос Анџелес, кога два патнички авиона се приближија опасно еден до друг, кратко по полетувањето од Меѓународниот аеродром LAX. Настанот се случил на 7 ноември, околу 00:20 часот по локално време, пренесува CBS News. Неовластено свртување Според Федералната управа за авијација (FAA), авион на „Ер Франс“ – лет 28 …
Continue Reading