Британскиот премиер: Размислуваме за повторно зачленување во Европската унија

Британскиот премиер Енди Бурнам најави дека ќе претстави опции за нови односи со Европската унија, вклучително и можноста Обединетото Кралство повторно да се приклучи кон блокот. Бурнам смета дека Брегзит предизвикал „повеќе штета отколку корист“. Се очекува неговата влада да ги разработи овие детали пред самитот ЕУ-Обединето Кралство што ќе се одржи во Брисел во ноември, пренесува Euronews. „Треба да …

Continue Reading

Јанев по големата полициска операција во Прилеп: Митот за недопирливите конечно падна

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска го посети Одделението за внатрешни работи Прилеп, по големата полициска операција спроведена пред два дена во која беше сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога и економски криминал. Јанев одржа работна средба со раководството на полицијата во Прилеп и со дел од полициските службеници кои повеќе од една …

Continue Reading

Алијанса за Албанците за посетата на фон дер Лајен: Нема простор за ново губење време

Денешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Скопје уште појасно го потврди она што Алијансата за Албанците го кажа уште пред нејзиното доаѓање. Моментот мора да се искористи и земјата мора да продолжи напред,соопштија од партијата. „Денешната порака од Брисел беше јасна и конкретна. За отворање на првиот кластер од преговорите останува уште еден клучен …

Continue Reading

Полесно се дише на „Камп Ноу“, Рафиња не е повреден

Добри вести за Барселона и бразилската репрезентација – Рафиња не е повреден. Лекарските прегледи покажаа дека бразилскиот напаѓач е добро и би можел да игра против Хетафе следниот викенд, доколку Ханси Флик одлучи да го вклучи во тимот. Рафиња игра во одлична форма, па неговото излегување од играта по првото полувреме од дуелот со Австралија предизвика загриженост и во Бразил …

Continue Reading

Нов притвор за сопственикот на „Пулс“ за примање поткуп

Основниот кривичен суд Скопје определи нова мерка притвор во траење од 30 дена за Дејан Јованов, првообвинетиот во судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Од Судот појаснуваат дека притворот за Јованов, сопственик на дискотеката, е определен поради постоење опасност од бегство, како и поради основан страв дека може да ја попречува истрагата со влијание врз сведоци. Мерката притвор …

Continue Reading

Ждрепка за квалификациите за ЕУРО: Сите шешири и можните ривали на Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија, речиси сигурно ќе биде во третиот шешир кога ќе бидат одредени квалификациските групи за пласман на Европското првенство во 2028 година. Ждрепката ќе се одржи на 6 декември, а шеширите ќе бидат формирани врз основа на настапот во Лигата на нации. Извесно е дека Македонија во квалификациите нема да може да игра против: осово, Шкотска, Унгарија, …

Continue Reading

Меџити: Во Саат Кула ја реконструиравме целата инфраструктура, од темел до целосно асфалтирање на улиците

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека инвестициите реализирани во населбата Саат Кула не опфаќаат само асфалтирање на улиците, туку целосна реконструкција на инфраструктурата, почнувајќи од мрежите што се протегаат под улиците, па сè до завршното асфалтирање. Во рамки на работите се изградени 1.400 метри целосно нова водоводна мрежа, со приклучување на секоја куќа и поставување подземни хидранти на …

Continue Reading

Поглаварот на Македонската православна црква во посета на Општина Карпош

Општина Карпош денеска беше домаќин на Неговото Блаженство Господин Господин Стефан, поглавар на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, кој беше пречекан од градоначалникот Сотир Лукровски. На средбата се разговараше за состојбите во локалната заедница, состојбата на верските објекти на територијата на Општина Карпош, како и за значењето на духовноста, вербата и меѓусебната почит во градењето сплотена и солидарна заедница. …

Continue Reading

Утре во Кисела Вода настан посветен на миленичињата

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ за утре, сабота, 03 октомври, во паркот „Македонија“ организираат настан посветен на миленичињата и бездомните животни. Под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, манифестацијата се организира во пресрет на Светскиот ден на животните. Дневната програма започнува во 11:00 часот пред Домот на култура „Билјана Беличанец“. Просторот ќе биде претворен во интерактивна …

Continue Reading