Мексико сака претседателот да има само мексиканско државјанство

Мексико е пред усвојување уставна реформа со која на кандидатите за претседател ќе им биде забрането да имаат двојно државјанство. Мерката би важела и за гувернерите на сојузните држави и за градоначалникот на Мексико Сити. Претседателката Клаудија Шејнбаум го брани предлогот како мерка за заштита на националниот суверенитет и од странско влијание. „Претседателите на Мексико можат да имаат само едно …

Continue Reading

Тајм: Трамп го прашал „Грок“ како Венецуелците би реагирале ако САД го уапсат Мадуро

Американскиот претседател Доналд Трамп го прашал „Грок“, четботот во сопственост на Илон Маск, како жителите на Венецуела би реагирале доколку САД го уапсат тогашниот претседател Николас Мадуро. Тоа се случило неколку недели пред Трамп да нареди операција за негово приведување, објави магазинот „Тајм“. Вештачката интелигенција наводно му одговорила на Трамп дека многу Венецуелци веројатно би го прославиле падот на Мадуро. …

Continue Reading

Трамп: Европа ќе ослободи големи количества дизел од резервите

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека европските земји се согласиле веднаш да ослободат значителни количества дизел од своите резерви, во услови на високите цени на горивата. „Европа штотуку се согласи да ослободи огромно количество од своите големи резерви на дизел. Процесот започнува веднаш“, напиша Трамп на социјалните мрежи. По состанокот на лидерите на Г7 беше потврден договор за координирано ослободување …

Continue Reading

Утре сончево време со температура до 27 степени

Времето утре ќе биде ссончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до …

Continue Reading

Европските служби предупредуваат: Русија може да ги засили саботажите низ Европа

Европските безбедносни служби проценуваат дека Русија во наредните месеци ќе ги засили саботажите и хибридните напади низ Европа, објавија германски „Велт“ и британски „Телеграф“, повикувајќи се на доверливи разговори со безбедносни извори. Висок претставник на НАТО изјавил дека Алијансата очекува поагресивна комуникација од Москва и проширување на хибридните напади. Германските власти, според извештајот, како еден од главните организатори на ваквите …

Continue Reading

Изгаснат пожарот во Бутел

Пожарот што избувнал на улица „Цетинска“ во скопската општина Бутел е локализиран и изгаснат, информира градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. Toj рече дека пожарот бил ставен под контрола благодарение на брзата интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје. „Благодарност до пожарникарите за нивната професионалност“, напиша Костовски. Пожар во Бутел. Фото: Дарко Костовски – официјален профил на Фејсбук

Continue Reading

Кичевската болница доби нова опрема и кадар, Министерството работи на проектот за нов објект

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска ја посети Општа болница – Кичево, каде заедно со директорката, Маја Цветаноска Трајковска и градоначалникот Александар Јовановски одржа прес-конференција за новата болница и за намената на постојниот објект. Овој настан е дел од работната посета на здравствените установи во југозападниот регион, која ги опфати и Специјалната болница за нефрологија и Општата болница во Струга. …

Continue Reading

(Видео) Каранфилова Пановска: Наместо подобри, Македонија сега е со полоши позиции – Фон дер Лајен го упати Мицкоски кон Бугарија

Наместо ветените подобри преговарачки позиции, Македонија се соочува со влошена позиција и упатување кон билатерални разговори со Бугарија. Одолговлекувањето и блокадата на европскиот пат го оддалечуваат членството во Европската Унија, предупреди заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, на денешната прес-конференција. „Колку се’ повеќе го одолговлекуваме процесот, позицијата на Македонија ќе се влошува. И тоа денеска се случи. Денеска се случи …

Continue Reading

(Видео) Каранфилова – Пановска: Фон дер Лајен потврди дека ЕУ го признава македонскиот идентитет

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на прес конференција со Мицкоски јавно потврди дека местото на Македонија е во Европската Унија, заедно со македонскиот јазик, култура и идентитет што уште една потрда на она што говори СДСМ, рече на денешната прес-конференција заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова – Пановска. „Денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пред …

Continue Reading