Минчев од Грција: Со продлабочување на регионалните и европските партнерства создаваме конкретна вредност за институциите и за граѓаните на нашата земја

Во рамки на официјална посета на Атина, Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари билатерална средба со високи претставници од Министерството за внатрешни работи и Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа на Република Грција (ЕКДДА), на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на институционалната соработка и размена на знаења и експертиза во областа на јавната администрација. На …

Continue Reading

Јанчев: ДПМНЕ ги „исфрли“ експертите од надзорната расправа за да наметне свој наратив

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на надзорната расправа за „Алта банка“ реагираше на начинот на кој ДПМНЕ ја организирала расправата, со цел, како што рече, да се избегне присуството на независни експерти кои би придонеле за нејзината објективност: „Оваа надзорна расправа се избрза по вмровски, за да нема објективни експерти однадвор, туку само претставници на Владата, кои ќе си го …

Continue Reading

Лукаревска до Славески: Дали проверивте кој е вистинскиот сопственик на Алта банка?

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност, му презентираше видео на гувернерот Трајко Славески. „Половина милион луѓе го виделе ова видео и слушнале од телевизиска дебата дека името Алта доаѓа од Александар Вучиќ и Тамара, неговата втора сопруга, верувам …

Continue Reading

Во Прилеп запленети 168,7 килограми режан тутун

Царински службеници од царинарница Битола и мобилни тимови од Одделението за оперативни работи на зелениот пазар и градскиот плоштад во Прилеп спроведоа акција за контрола на акцизни производи, при што запленети се вкупно 168,7 килограми режан тутун, за кои е избегнато плаќање акциза во висина од 463.787 денари. Во акцијата е повикана и асистенција од полициски службеници. Конкретно, фатени се …

Continue Reading

Филипче до Мицкоски: Спинувате и дефокусирате за да избегате од одговорноста за Алта банка

Претседателот на СДСМ и пратеник, Венко Филипче, на денешната Надзорна расправа за „Причините за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“, му порача на премиерот Мицкоски дека единствено што знае е да спинува и дефокусира за да ја избегне одговорноста за Алта банка. Филипче во дополнителното прашање го повика Мицкоси да …

Continue Reading

ЛДП: Безобразие без граници за Кривичниот законик, за СЕПА може експресно а за криминалот на функционерите ќе се чека Брисел

Институционалната манипулација и бегството од правда на оваа власт достигнуваат ниво на невиден срам и безобразие! Уште од 20 октомври Либерално-демократската партија (ЛДП) јавно алармираше дека Владата го испратила текстот на новиот Кривичен законик во Брисел само за да купува време додека предметите за висока корупција застаруваат. Три недели подоцна, откако пристигна катастрофалниот Извештај на Европската комисија кој нотираше тотален …

Continue Reading

Панова: Потребно е да се направи јасна разлика меѓу политичките интерпретации и институционално утврдените факти за „Алта банка“

На денешната надзорна расправа во Собранието во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, на тема „Причини за воведувањето администрација во „Алта банка“ АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“, се обрати пратеничката Ели Панова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која истакна дека случајот со „Алта банка“ во изминатиот период бил проследен со бројни јавни реакции, политички …

Continue Reading

(Видео) Крмов кон Мицкоски: Дали е точно дека лично сте насочувале и препорачувале на македонските институции да депонираат средства токму во „Алта банка“

На денешната надзорна расправа за „АЛТА банка“, пратеникот од Левица, Борислав Крмов, отвори ново прашање за можната вмешаност на Владата во насочувањето јавни средства кон банката. Крмов побара Мицкоски да одговори на информациите дека Владата препорачувала општини, државни институции и јавни претпријатија да депонираат средства во „АЛТА банка“. Колку јавни пари се изложени на ризик, кои институции располагаат со средства …

Continue Reading

Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области. Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на …

Continue Reading