Модриќ ќе се збогува со фудбалот по Светското првенство
Милан остана без Лигата на шампионите, поради што многу навивачи на „росонерите“ сметаат дека (скоро сигурната) разделба со 40-годишниот Лука Модриќ мораше да биде многу поубава. Челниците на паднатиот гигант го отпуштија тренерскиот штаб предводен од Масимилијано Алегри, како и целиот спортски сектор поради неуспешната сезона, па сè укажува дека искусниот хрватски играч од средниот ред нема да остане на …
Continue Reading
СДСМ: Министерката за финансии прво повикува на средба, а потоа бега
Министерката за финансии Димитриеска-Кочоска најпрвин нè повика на средба „убаво да ги објасниме работите“. СДСМ веднаш одговори позитивно и ја прифати поканата. Вчера пратениците ја повикаа во Собранието. Неа ја нема, велат од Социјалдемократиот сојуз на Македонија. Во соопштението СДСМ посочува дека инсистирале состанокот да биде јавен и отворен за медиумите, со цел, како што велат, пред граѓаните да се …
Continue Reading
(Видео) Оклахома на победа до големото финале
Оклахома Сити Тандер ги победија Сан Антонио Спарс со 127:114 во ноќта зад нас. Во петтиот натпревар, актуелните шампиони го одбранија својот домашен терен, спречија брејк. До победата ги предводеше актуелниот MВП, Шеј Гилџес-Александер со 32 поени, 2 скока и 9 асистенции. Шеј имаше само 39% од поле, односно 7/19 од игра, од кои шутираше 5/16 за два поени, а …
Continue Reading
По трагичната смрт на манекенката во Индија: семејството бара нова обдукција, сопругот во бегство
Смртта на 33-годишната манекенка и актерка Твиша Шарма, која на 12 мај беше пронајдена мртва во семејната куќа во Бопал, предизвика големо медиумско внимание во Индија и отвори истрага за тоа дали станува збор за убиство или самоубиство. Твиша Шарма била во брак само пет месеци со адвокатот Самарт Синг. Нејзиното семејство тврди дека сопругот и неговата мајка, пензионираната судијка …
Continue Reading
Италијанскиот министер со жестоки критики за новиот електричен „ферари“
Претставувањето на новиот, целосно електричен модел на Ферари (Ferrari) наречен „Луче“ (Luce) предизвика бран негативни реакции во Италија. Во критиките се обединија инаку политички спротивставените јавни личности, како што се министерот за транспорт Матео Салвини, опозицискиот пратеник Карло Календа, но и поранешниот директор на компанијата, Лука Кордеро ди Монтеѕемоло. Контроверзниот модел е првото Ферари со пет седишта и исклучиво електричен …
Continue Reading
Израел тврди: Ликвидиран е воениот командант на Хамас
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац соопштија дека израелската војска извршила воздушен напад во Појасот Газа, во кој е убиен Мохамед Одех, новоименуваниот командант на бригадата Ал Касам, военото крило на Хамас. Во заедничкото соопштение се наведува дека нападот бил извршен по нивна наредба. Израелските власти тврдат дека Одех бил еден од организаторите на нападите од …
Continue Reading
(Видео) „Југо“ се враќа како хибрид со цена од 12.000 евра
Откако минатата година беше претставен дизајнерски концепт, проектот за оживување на „Југо“ влегува во нова фаза со откривање на првите технички детали и целната цена. Новите информации за враќањето на автомобилот, кој во Југославија се произведуваше од 1980 до 2008 година, ги пренесува германскиот Welt.de. Дополнителните фази на концептот и првите технички детали беа претставени на конференција во Белград. Според …
Continue Reading
САД ги намалуваат воените капацитети наменети за НАТО, се зголемува притисокот врз Европа
Вашингтон ги извести сојузниците дека постепено ќе го намали бројот на стратешки бомбардери, борбени авиони, беспилотни летала, подморници и воени бродови наменети за НАТО. Со овој потег продолжува притисокот врз Европа да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана. Одлуката била соопштена минатиот петок на состанок зад затворени врати од страна на советникот во Пентагон, Александар Велез-Грин, потврдуваат двајца анонимни дипломати …
Continue Reading
Трагедија во Вашингтон: Пукнал резервоар со 300.000 литри хемикалија, има загинати
Неколку лица загинаа, а повеќе се тешко повредени во пожар што избувна во фабрика во Лонгвју, во близина на границата меѓу сојузните држави Вашингтон и Орегон на северозападот од САД, соопштија локалните власти. Противпожарната служба на Лонгвју, во заедничко соопштение со компанијата Nippon Dynawave Packaging и локалните власти, потврди дека во инцидентот има смртни случаи и дека повеќе лица се …
Continue Reading