Општина Битола, со цел поттикнување на редовно одржување и чистење на оџаците во домаќинствата, намалување на емисиите на загадувачки материи во воздухот, спречување на појава на пожари и унапредување на безбедноста на домаќинствата, на жителите на Општина Битола ќе им субвенционира дел од трошоците за чистење на оџаците во домаќинствата.
Општина Битола ќе субвенционира дел од трошоците за чистење на оџак во домаќинствата, во фиксен износ до 1.500,00 денари по домаќинство.
Доколку фискалната сметка за извршената услуга изнесува помалку од 1.500,00 денари, Општината ќе го надомести износот во висина на износот наведен на фискалната сметка.
Јавниот повик ќе се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“, од денот на неговото објавување 14.10.2026 година, заклучно со 06.11.2026 година, односно, до искористување на обезбедените финансиски средства, извести Општината.
Повеќе на линкот.