Македонија и Кина разговараат за поголем извоз на земјоделски производи, во фокусот македонското вино

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски оствари работна средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Џијанг Сјаојан, на која се разговараше за можностите за унапредување на трговијата со земјоделски и прехранбени производи, како и за размена на знаење и искуства во земјоделството. Во делот на трговската размена, посебно внимание беше посветено на можностите за пласман на македонското вино …

Continue Reading

Две лица нападнале 75-годишна жена додека влегувала во лифт во Аеродром и ѝ го одзеле паричникот

Седумдесет и петгодишна жена од Скопје била физички нападната и ограбена од две лица додека влегувала во лифт во станбена зграда во скопската општина Аеродром. Како што информираат од МВР, настанот бил пријавен вчера. В.Т. (75) била нападната од две лица кои ѝ го одзеле паричникот со пари и лични документи. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Жена затекнала крадец во својот стан во Аеродром, ја нашла вратата насилно отворена и блокирана со столица

Педесетгодишна жена од Скопје била нападната во сопствениот стан во општина Аеродром, откако при враќањето дома затекнала непознато лице кое, според пријавата, одзело пари од станот. Според пријавеното во МВР, Л.П. (50) забележала дека влезната врата од станот била насилно отворена и оштетена, но не можела да влезе бидејќи од внатрешната страна била блокирана со столица. Откако успеала да ја …

Continue Reading

„Безбеден град“ регистрира 296 сообраќајни прекршоци за два дена во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Вкупно 296 сообраќајни прекршоци се регистрирани преку системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ на подрачјата на Охрид, Струга, Кичево и Дебар, во првите два дена од неговото функционирање, информираат од СВР Охрид. На 12 октомври, првиот ден од функционирањето на системот, биле регистрирани 148 прекршоци, а исто толку биле евидентирани и на 13 октомври, заклучно со 19 часот. Најголемиот дел …

Continue Reading

Граѓаните може да се пријавуваат за вакцинација против сезонски грип – активиран сајтот vakcinacija.mk 

Министерството за здравство соопшти дека заинтересираните граѓани од ризични групи може да се пријавуваат за бесплатна вакцинација против сезонски грип, на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu. Со пополнување на формата на сајтот, граѓаните се регистрираат за вакцинација директно во системот „Мој Термин“, по што согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, ќе добијат СМС порака со информација за точен датум и час …

Continue Reading

Клековски: Во Клиничка болница Штип отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка за побрз и поквалитетен одговор за пациентките

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска го посети мултидисциплинарниот кабинет за дојка во рамки на Клиничката болница – Штип. Клековски при посетата рече дека речиси илјада жени годишно заболуваат од оваа болест. -Во месецот во кој се обидуваме да ја подигнеме свесноста за борба против ракот на дојката, еден од најчестите канцери, речиси илјада жени годишно добиваат рак на дојка …

Continue Reading

ЕУ одобри 168 милиони евра за производство на муниција, експлозиви и делови за ракети и дронови

Европската комисија одобри 168,2 милиони евра за осум проекти со кои се планира зголемување на европското производство на муниција, експлозиви и компоненти за ракети и дронови. Се очекува проектите да поттикнат вкупно 1,26 милијарди евра индустриски инвестиции, со цел забрзување на производството на воена опрема и намалување на зависноста од добавувачи надвор од Европа. Проектите ќе опфатат 17 производствени погони …

Continue Reading

Милан го продолжи договорот со Павловиќ

Она што претпладнево го најавија италијанските фудбалски инсајдери, сега доби официјална потврда, Страхиња Павловиќ потпиша нов договор со Милан до летото 2031 година. Фудбалскиот клуб Милан објави на веб-страницата на клубот и со тоа потврди дека Павловиќ е нивното долгорочно решение во одбраната. Српскиот фудбалер има неколку причини да биде среќен, од кои една е што добил, како што тврди …

Continue Reading

Клековски за Михаилова: бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум, нема здравствен случај

Министерот за здравство, Сашо Клековски, смета дека обвинетата за сообраќајна несреќа со еден загинат, Ива Михаилова, избегала оти бугарски лекари кои би можеле да потврдат дека кај неа нема здравствен случај, доаѓаат во Кочани. Клековски најави дека патува во Софија и дека таму ќе разговара и за овој случај. „Јас мислам дека бегството е од поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум …

Continue Reading