Папата Лав XIV се појави во јавноста по операцијата на рак на белите дробови: „Ова искуство ме приближи до сите што страдаат“

Папата Лав XIV за првпат ѝ се обрати на јавноста по операцијата на рак на белите дробови, порачувајќи дека искуството со болеста го приближило до сите луѓе што страдаат. 71-годишниот папа ја предводеше неделната молитва „Ангел Господов“ од балконот на Апостолската палата, од истото место од кое пред една недела соопшти дека мора да биде опериран. На плоштадот „Свети Петар“ …

Continue Reading

Насилни протести во Италија против високите трошоци за живот, повредени полицајци и демонстранти

Мирните протести против високите трошоци за живот во Италија прераснаа во насилни судири, слично како и во соседна Франција, пренесува италијанската новинска агенција АНСА. Најголемиот протест се одржал во Милано, каде што маскирани млади лица облечени во црно, на централниот плоштад Дуомо, фрлале пиротехнички средства кон полицијата и подигнувале барикади. Полицијата во почетокот била принудена да се повлече и да …

Continue Reading

Епидемијата на ебола во Конго се прошири во осмата провинција, над 4.000 починати

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се прошири во осмата провинција, Северен Убанги, која се граничи со Централноафриканската Република, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Конго. Ројтерс во четвртокот објави дека во Северен Убанги биле потврдени два случаи на ебола, повикувајќи се на двајца здравствени претставници. Според податоците на здравствените власти, бројот на потврдени случаи на ебола во …

Continue Reading

Уапсени над 1.800 лица, повредени повеќе од 500 полицајци и пожарникари во протестите низ Франција

Повеќе од 1.800 лица се уапсени, а над 500 припадници на безбедносните сили и пожарникари се повредени за време на протестите проследени со насилство и немири што се одржаа во саботата низ Франција, соопштија француските власти. „Демонстрациите се основно право. Предизвикувањето немири со насилство и на организиран начин не е“, напиша францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез на социјалната …

Continue Reading

Трамп разгледува обновување на испораките на руски гас во Европа како дел од мировен план за Украина

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста Европа повторно да започне да купува руски гас како дел од планот за решавање на конфликтот во Украина, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извори. Според весникот, предлогот е еден од клучните елементи на сеопфатниот план на администрацијата на Трамп за воспоставување мир во Украина и би можел значително да ја …

Continue Reading

Во Брвеница до 11 часот гласале 1.480 граѓани

На предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 11 часот излезноста изнесува 9,11 проценти, односно гласале 1.480 избирачи. Податоците ги соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Бојан Маричиќ, кој денеска заедно со уште четворица членови на Комисијата обиколи шест избирачки места. Според Маричиќ, гласањето се одвива непречено, без посериозни проблеми. Избирачките места биле отворени навреме, во 7 часот, …

Continue Reading

Египет ќе ѝ пружи одбранбена помош на Саудиска Арабија доколку Ријад побара

  Египет ќе ѝ ја обезбеди на Саудиска Арабија сета неопходна и можна поддршка за одбрана на нејзината безбедност и стабилност, соопшти денеска египетското претседателство. Во соопштението се наведува дека Египет ќе продолжи и ќе ги интензивира политичките и дипломатските напори, во координација со регионалните и меѓународните актери, со цел да придонесе за смирување на тензиите и решавање на кризата. …

Continue Reading

Јапонската премиерка: Трошам три до четири часа повеќе од мажите поради шминкањето и домашните обврски

Јапонската премиерка Санае Такаичи предизвика дебата за родовата еднаквост, традиционалните улоги на жените и прекумерното работно време, откако изјави дека троши три до четири часа повеќе од своите машки претходници поради домашните обврски, шминкањето и подготовките за телевизиските настапи, пренесува Асошиејтед прес. Такаичи, за време на парламентарна седница во средата, објаснила дека наутро мора да се искапе, да подготви појадок, …

Continue Reading

Иран доби нов министер за одбрана: Парламентот го избра Мехрдад Ахлаки Кетабчи

Пратениците во иранскиот парламент денеска со мнозинство гласови го избраа Мехрдад Ахлаки Кетабчи за нов министер за одбрана, пренесуваат иранските медиуми. Кетабчи доби 237 гласа „за“, 15 „против“, додека немаше воздржани. На седницата присуствувале вкупно 277 пратеници, објави иранската новинска агенција Тасним. Тој е 15. министер за одбрана и поддршка на вооружените сили на Исламската Република Иран. На функцијата го …

Continue Reading